Автор Тема: Квалитетот на VW.  (Прочитано 514400 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4226
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2550 на: 27 Јули 2026, 11:46:07 am »
Нема поголем доказ за квалитетот, супериорноста и надмоќта на Пасат врз конкуренцијата од ова!

Млад човек, во најјубавите години, судбината си ја става во Пасат и се надева на подобро утре далеку од татковината и фамилијата.
При можност да избере било што, он одбира не еден туку два пасати и трга во незаборавна авантура.

Капа доле за Пасат! (не е по грешка 2 пати ставена сликата, по еднаш за секој пасат)


« Последно менување: 27 Јули 2026, 12:22:13 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30771
    • CARclub.mk
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2551 на: 28 Јули 2026, 08:11:39 am »
Да пријавам 2 проблеми со квалитетот на VW:
1. Држачите за раце (горните), никогаш не се користат, али еднаш ќерка ми ја потегна рачката да се фати, се откачи федерче едно, и сега не се враќа нагоре. После некое време на сувозачкото место потполно истиот проблем. Ги имам и двете федерчиња и платиката околу која се става, ама местењето назад е многу пипава работа и не знам дали ќе успеам да ги наместам назад. Ако не, ќе земам половен цел дел и ќе го сменам, тоа е полесно.
2. Додека бевме во Скопје, престана да функционира дуплиот клик за прозорите на возачката врата, ама само за левите. Како да е нешто или скршено или се има откачено. Едноставно го нема тој втор клик. Ќе треба да видам со АИ како тоа функционира и дали се поправа или да го купам целото делче и само да го прештекам (би требало да е едноставно).

Не знам дали се ова чести проблеми или мене ми се погоди така. Колата има 116К км, 7 години е стара. Други заебанции со пластики и слично не сум имал, се надевам и овие 2 ќе ги решам, поготово тоа со копчињата за прозорите, зашто секојдневно тоа се користи.

За втората работа - ако се истите прекидачи за прозори како во Голф 6 (а би требало да се), мене ми се случи два пати додека го имав. Се крши едно глупаво пластиче во склопката со прекидачи и не фаќаат како што треба. Чаре е мењање на целото склопче.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2918
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2552 на: 28 Јули 2026, 09:28:34 am »
Да пријавам 2 проблеми со квалитетот на VW:
1. Држачите за раце (горните), никогаш не се користат, али еднаш ќерка ми ја потегна рачката да се фати, се откачи федерче едно, и сега не се враќа нагоре. После некое време на сувозачкото место потполно истиот проблем. Ги имам и двете федерчиња и платиката околу која се става, ама местењето назад е многу пипава работа и не знам дали ќе успеам да ги наместам назад. Ако не, ќе земам половен цел дел и ќе го сменам, тоа е полесно.

Релативно лесно се мести федерчето, на Леонот го средував совозачкото...

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2553 на: 28 Јули 2026, 09:56:53 am »
@zeroSignal го сменив веќе, пишав во мојата тема. Го расклопив стариот дел, испопаѓаа неколку скршени бели пластични делчиња.
@balanar имаш некое упатство или видео како се прави? Би ми било доста од помош.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2918
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2554 на: 28 Јули 2026, 12:17:32 pm »
Барав упатство и тогаш за мене, ама не најдов.
Вака во од го средував, кај мене федерчето/намотката беше излезена и клапна рачката, немав нешто скршено или изгубено...

Барав слики ако сум сликал нешто, ама не можам да најдам у пм.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4695
Одг: Квалитетот на VW.
« Одговори #2555 на: 28 Јули 2026, 12:42:37 pm »
Еве јас сликнав како е кај мене.
1. Како треба да е (возачка врата, во левиот дел е спиралата)


2. Како е кај совозач


3. Делчето што е испаднато


Јас едно упатство што го најдов поодамна, беше тешко да се намести зашто треба да се стисне спиралата и да се намести за да има тензија и да ја враќа дршката нагоре. Пробав, ама не успеав да ја наместам.