има ли некој Линк за познати фабрички мани на фолксваген??
Првпат купив ова година и се разочарав. Мислев дека дас Ауто е познат кај нас но гледам ни во Србија поим немаат, дали многу модели има, незнам, за ништо никој не знае...
Не прифаќам кога некој мајстор, било приватен било овластен ќе каже, донеси ја колата да ПРОБАМ да откријам....
Или кога ќе кажат, да тие модели имаа некој фабрички мани, ама сега имаме нови модели со отклонети недостатоци ... А што и новите имаат куп други, нови бумбари не кажуваат...
испаѓа да се множи со НУЛА се поново од 1995, а ако нема старо сочувано бујрум има такси и автобус...
б.т.в., однесов еден фен Грундинг во Крусел, купен пред 5-6 години 800мкд, а сега ги има само Нептун ама 1400мкд...се расипа, од Грундинг ми кажува се под 2000мкд се фрла ...
отидов во Крусел, мајсторот го отвори и со клешта исече една жица и фенот работи, ми зема само 200мкд, толку е најминимално...
Ама ме искритикува, така ако праат сите нема да работеле фабриките...
Добро, ај за тие дрангулии, ама кола е друго, ако тргнам јас од точка А до точка Б, билким треба да стигнам таму, а не да мислам ...
Денес таман влеговме во поновата кола да одиме кај роднина на регистрација, кога акомулаторот нејќе да вергла, не покажува грешка, прозори и отворив прво и ги затворив... акомулаторот е купен пред месец дена, Ексајд... не ја возиме многу, ама редовно барем на 2-3 дена, и тоа дење, без светла и воглавном без клима..
А најлошо е ако оваква кола навистина мора да се вози многу, за овие акомулатори шти ги купуваме од наш пазар да не се испразнат, тогаш да му се плукнам на новите коли...
Отидовме со старата крнтија...