Интересна е статијата, и дефинитивно се интересни и коментарите одоздола. Јас ќе ја ставам дискусијата во рамки на едно правило од софтверски инженеринг - една жена може да донесе бебе на светот за девет месеци, ама девет жени не можат да донесат бебе на светот за месец дена.
Без разлика колку и да се фрлат пари и ресурси на одреден проект, тоа не значи дека може да се заврши за ептен кратко време. Едноставно, истражување, развој и тестирање си бара време.
Тесла има предност, и тоа огромна - ама да се потсетиме со колку коли почна Тесла и колку коли требаше да опслужува нивниот систем, колку багови и проблеми имаа на почетокот со софтверот (и реално сè уште имаат, мада не до толку) и колку време беше потребно за нивната платформа да функционира во вистинскиот свет.
Да не праиме муабет дека платформата на Volkswagen е наменет да опслужи милиони и милиони возила, итн, итн. Искрено, јас би преферирал да одложуваат и да лансираат саглам продукт, наместо да лансираат продукт со проблеми.