Гледам дека се изнапишаа погоре многу точни работи, но и многу глупости, па да резимирам..
-Што е Root.?
Root ти е истото што го имаш како Administrator во Windows..Или во превод, Root = Admin. Со добиен Root на било што (телефон или Линукс систем) можеш да правиш буквално што сакаш, да менуваш системски работи, да бришеш, инсталираш нови програми итн..значи целосна контрола врз системот...Што пак Root се спомнува кај Андроид телефони..? Па што мислите што всушност е Андроид системот..? Само минимизирана, портирана верзија (кернел) на мини линукс, која што е инсталирана на телефонот..Што е кастум ром..? Модификувана верзија на Андроид од некој прогремер, што си ја правел за самиот себеси, па бидејки сакал да добие на популаност и репутација на интернет го споделили својот ром со другите.
Зошто не е овозможено Root фабрички..?
Затоа што некои производители, намерно го оневозможуваат рут пристапот до телефонот, за да фабричкиот ОС не биде променет и софверот да не се менува, со што "божем" можело да се нанесе штета на уредот од несоодветен ОС, кој што потоа би бил инсталиран на уредот, како и да се зачуваат фабичките апликации на телефонот, како и хардверски пристап до телефонот, како и манипулација со некои хардверски делови, како правење експерименти со екранот (калибрација), менување на светлосни сигнали на телефонот итн..
Како да најдам кастум ром за мојот телефон..?
Барај на xda developers преку гугл, и би требало да даде кастум ром за твојот телефон. Е сеа што е битно..Никогаш не се дрзнувај да го инсталираш најновиот ром, само затоа што го има на интернет.Остави да поминат неколку денови, веројатно некој ке го симне тој ром ке го тестира и ке напише импресии, недостатоци, багови за тој ром и слично.Пример имаш телефон со фабрички 2.1 ром и сакаш веднаш да летнеш на Андроид 4.0 ...Епа тука забави малку..Прво телефонот ако нема фабрички ром за надоградба на 4.0 значи дека перформансите на твојот телефон се слаби за тој софтвер, и неможеш да го инсталраш..Дури и да го инсталираш тој ром, истиот нема да биде функционален..Зошто..Затоа што истиот веројатно не е тестиран целосно и 2-3 витални функции на телефонот не работат, пр wifi, radio, gpr, итн...Значи имаш нефункционален ром..Затоа ако имаш фабрички 2.1 ром , скокни на една до две верзии понов софтвер максимум, иако препорачувам од 2.1 да се скокне на 2.2, бидејки клучните промени настанаа точно помеѓу овие 2 верзии..Веројатно сеа ви е појасно околу овие мистерии за ромовите и нивните функции.
Оверклок да или не..?
Оверклок најчесто се прави кај постарите модели на телефони, со што до разумна граница се подигнува работниот такт на процесорот со што се достигнува побрза работа на процесорот, и со самото тоа и на телефонот како целина. Што е лошото од користење на оверклокан процесор на телефон.?
Дефинитивно зголемената работа на процесорот ке предизвика зголемена потреба од енергија за процесорот, со што ке дојде до побрзо трошење на батеријата. Истотака, неразумното качување на тактот на процесорот, може да предизвика замрзнување на ОС-от, како и блокирање на уредот, а во екстремни случаеви, можно е и корумпирање на ОС-от. Значи доколку имате телефон, со процесор од 600-800 MhZ и сакате да му ставите Андроид 4.0 дефинитивно вашиот процесор ке трокира од новиот софтвер, па затоа се прави оверклок на процесорот, за да процесорот биде во чекор со брзината на новиот ОС. Да резимирам..Не инсталирајте ептен нов систем на вашиот телефон, за да не мора да го клокате процесорот, и да предизвикате зголемена потрошувачка на вашата батерија, и со самото тоа скратување на нејзиниот животен век. Ако ептен морате клокајте до разумна граница (пр. процесор од 600 mhz клокајте го до 700-730 mhz максимум)..Доволно беше за клокањево...