Автор Тема: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.  (Прочитано 13323 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« на: 15 Септември 2012, 23:22:16 pm »
Значи се околу овие поими
предности и маани,дали вреди

-еве ќе кажам за рутот дека е одлична ствар за андроид телефон не се губи ништо,а се добива солидно за ич пари се што ви треба е програмче од андроид маркетот z4root

-но како да се направи оверклок и што се неговите негативности

-како до кастом ром и кој се предностите


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #1 на: 15 Септември 2012, 23:30:49 pm »
Што има предност телефон кој е рутиран ??? И што поточно се прави со рутот ??? А за губење, знам дека се губи гаранција...

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #2 на: 15 Септември 2012, 23:32:47 pm »
можеш да ставиш понов софтвер,што точно му прави на телефонот незнам али кај мене го убрза интернетот за некој си 30% отприлика

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Re: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #3 на: 15 Септември 2012, 23:52:53 pm »
Root - от не ти го убрзал телефонот, ваљда си му сменил софтвер и со него можно  е да иде различен модем.

Со root добиваш целосен пристап на телефонот, можност за инсралирање кракнати програми, кастм ромови, менување кернели, анинсталирање фабрички апчикации итн.

Со оверклок ја зголемуваш брзината на процесорот, т.е во даден момент ако е потребно се испорачува поголема брзина. Можно е да грее повеќе телефонот и да се троши побрзо батеријата.

Средување на рамот кај овие телефони игра поголема улога од оверклолување. Пробајте го RAM Manager на Juwe.

Кастм ром е она што секој треба да инсталира одкако ќе купи телефон, односно ако фуфка, одкако ќе му истече гаранција :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #4 на: 15 Септември 2012, 23:55:59 pm »
Мое мислење е, штом сервисерите одлучиле дека не треба да се прави root на телефонот, сигурно дознале дека тоа му штети на телефонот.. Не ??

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #5 на: 15 Септември 2012, 23:56:07 pm »
како до кастм ром ?

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #6 на: 15 Септември 2012, 23:56:25 pm »
Мое мислење е, штом сервисерите одлучиле дека не треба да се прави root на телефонот, сигурно дознале дека тоа му штети на телефонот.. Не ??

ако е во погрешни раце

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10948
  • 430i
Одг: Re: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #7 на: 16 Септември 2012, 00:26:23 am »
@сузуки и инжењерите направиле кола која мислат дека е најпаметно да се вози како што они ја замислиле, а ти можеш да ја чипуваш, спушташ, дигаш, мењаш делови...

@шмицка кастм ромови на XDA по модел на телефон. Најчесто за секој си има туторијал како што се прави.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #8 на: 16 Септември 2012, 02:00:36 am »
Гледам дека се изнапишаа погоре многу точни работи, но и многу глупости, па да резимирам..

-Што е Root.?

Root ти е истото што го имаш како Administrator во Windows..Или во превод, Root = Admin. Со добиен Root на било што (телефон или Линукс систем) можеш да правиш буквално што сакаш, да менуваш системски работи, да бришеш, инсталираш нови програми итн..значи целосна контрола врз системот...Што пак Root се спомнува кај Андроид телефони..? Па што мислите што всушност е Андроид системот..? Само минимизирана, портирана верзија (кернел) на мини линукс, која што е инсталирана на телефонот..Што е кастум ром..? Модификувана верзија на Андроид од некој прогремер, што си ја правел за самиот себеси, па бидејки сакал да добие на популаност и репутација на интернет го споделили својот ром со другите.

Зошто не е овозможено Root фабрички..?

Затоа што некои производители, намерно го оневозможуваат рут пристапот до телефонот, за да фабричкиот ОС не биде променет и софверот да не се менува, со што "божем" можело да се нанесе штета на уредот од  несоодветен ОС, кој што потоа би бил инсталиран на уредот, како и да се зачуваат фабичките апликации на телефонот, како и хардверски пристап до телефонот, како и манипулација со некои хардверски делови, како правење експерименти со екранот (калибрација), менување на светлосни сигнали на телефонот итн..

Како да најдам кастум ром за мојот телефон..?

Барај на xda developers преку гугл, и би требало да даде кастум ром за твојот телефон. Е сеа што е битно..Никогаш не се дрзнувај да го инсталираш најновиот ром, само затоа што го има на интернет.Остави да поминат неколку денови, веројатно некој ке го симне тој ром ке го тестира и ке напише импресии, недостатоци, багови за тој ром и слично.Пример имаш телефон со фабрички 2.1 ром и сакаш веднаш да летнеш на Андроид 4.0 ...Епа тука забави малку..Прво телефонот ако нема фабрички ром за надоградба на 4.0 значи дека перформансите на твојот телефон се слаби за тој софтвер, и неможеш да го инсталраш..Дури и да го инсталираш тој ром, истиот нема да биде функционален..Зошто..Затоа што истиот веројатно не е тестиран целосно и 2-3 витални функции на телефонот не работат, пр wifi, radio, gpr, итн...Значи имаш нефункционален ром..Затоа ако имаш фабрички 2.1 ром , скокни на една до две верзии понов софтвер максимум, иако препорачувам од 2.1 да се скокне на 2.2, бидејки клучните промени настанаа точно помеѓу овие 2 верзии..Веројатно сеа ви е појасно околу овие мистерии за ромовите и нивните функции. ;)

Оверклок да или не..?

Оверклок најчесто се прави кај постарите модели на телефони, со што до разумна граница се подигнува работниот такт на процесорот со што се достигнува побрза работа на процесорот, и со самото тоа и на телефонот како целина. Што е лошото од користење на оверклокан процесор на телефон.?
Дефинитивно зголемената работа на процесорот ке предизвика зголемена потреба од енергија за процесорот, со што ке дојде до побрзо трошење на батеријата. Истотака, неразумното качување на тактот на процесорот, може да предизвика замрзнување на ОС-от, како и блокирање на уредот, а во екстремни случаеви, можно е и корумпирање на ОС-от. Значи доколку имате телефон, со процесор од 600-800 MhZ и сакате да му ставите Андроид 4.0 дефинитивно вашиот процесор ке трокира од новиот софтвер, па затоа се прави оверклок на процесорот, за да процесорот биде во чекор со брзината на новиот ОС. Да резимирам..Не инсталирајте ептен нов систем на вашиот телефон, за да не мора да го клокате процесорот, и да предизвикате зголемена потрошувачка на вашата батерија, и со самото тоа скратување на нејзиниот животен век. Ако ептен морате клокајте до разумна граница (пр. процесор од 600 mhz клокајте го до 700-730 mhz максимум)..Доволно беше за клокањево...:D
« Последно менување: 16 Септември 2012, 02:12:48 am deanMKD »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #9 на: 16 Септември 2012, 03:34:36 am »
како до кастм ром ?

Одговор:

jas sum rom kazate sto ne e jasno se ke ti objasnam smichka heheheh

епа зимаш циган, му сечеш една рака, една нога му правиш надградба на нокти и добиваш кастом ром ;D

i go stavas u peralna go pustas na 90-ka dvapati plaknene  i izleguva new custom rom  :D :D :D :D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #10 на: 16 Септември 2012, 13:05:00 pm »
рут
што понатака од кога ќе ги добиеш сите функции,препораки што и како да се смени?

оверклок
дали се добива повеќе на појаки телефони,дали е препорачлив за компјутери и лап топи,по кратко гуглање вика дека не е препорачливо  за лап топи(делл,хп,ацер итн.) значи конфигурации склопени од фабрика

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #11 на: 16 Септември 2012, 13:12:36 pm »
Оверклок на лаптопи не само што не е препорачливо туку е и невозможно од сам старт...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #12 на: 16 Септември 2012, 14:49:05 pm »
Хмм... интересна тема. Баш сакам да го рутирам телефонов, ама несака со SuperOneClick, и неможам да најдам по нет да се рутира на друг начин. Помагајте

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #13 на: 16 Септември 2012, 15:02:14 pm »
јас го рутирав со z4root,лесно и едноставно само стискаш root и завршена работа,башка и има опција un-root така да го препорачувам,али да се користи само до 2.1 андроид на понов на хтц десире(андроид 2.2) не фати

Оверклок на лаптопи не само што не е препорачливо туку е и невозможно од сам старт...

поради загревањето?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Root,Overclock,Custom ROM,Jailbreak itn.
« Одговори #14 на: 16 Септември 2012, 15:59:26 pm »
јас го рутирав со z4root,лесно и едноставно само стискаш root и завршена работа,башка и има опција un-root така да го препорачувам,али да се користи само до 2.1 андроид на понов на хтц десире(андроид 2.2) не фати

Оверклок на лаптопи не само што не е препорачливо туку е и невозможно од сам старт...

поради загревањето?
Хммм. кај мене е 2.3.5 ке пробам. Целата работа што сакам да го рутнам телефонот е тоа што немам многу простор за инсталитање апликации. Со кое програмче се зголемува просторот?