Автор Тема: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi  (Прочитано 23441 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3801
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #30 на: 08 Септември 2012, 18:54:30 pm »


Летни Continental ContiSportContact 5 во димензија 235/45R17XL, ОК гума со солидни перформанси. Добар грип на суво, малце помеки странични ѕидови него ли Пирели. Одлични на влажно. Доста тивки исто така. За трајност сеуште незнам, 7к км ги возам но немам забележано нешто посебно дека се потрошени предните.  Работата што не ја бендисувам кај нив е слабиот фидбек од воланот и колата при брза вожња, особено во кривината. На влез се добри но потоа не е тоа тоа што би требало, дали се навикнав со пирелите на нив премногу или што е незнам. Целосно земено гумава не ме ни воодушеви во ништо, така да дали би ја земал повторно незнам.




Зимни Hankook Winter I*Cept EVO во димензија 215/55 R16. Одлична зимска гума. Грипот на суво и влажно е одличен, трошењето е сосема задоволително. На снег и мраз имаат малце слабости но неможе да се очекува секаде да се брилијантни. Кога би купувал зимска, повторно би ги земал нив.

Пред континенталот возев Pirelli P Zero Rosso во димензија 245/45 Р17, е тоа е права спортска гума. Тврди страници до максимум, одличен фидбек и осет на колата во кривина. Но премногу бучни и тврди за нашите патишта.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Ogi88

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1148
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #31 на: 08 Септември 2012, 19:34:06 pm »
@cuore јас сум мн задоволен од тоа како се однесуваат, за парите се многу добри, скоро година ги имам и имаат поминато накај 6000км и топ се.
Јас ги земав крај на септември а произведени беа 11 недела 2011, ама кога земав гуми тоа беше изборот :) или yokohama S-drive 2 мислам дека беше 5000 гума. Дента пред да ги купам се имаа продадено Hankok ventus v12 evo парче беше 3500 денари

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5511
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #32 на: 08 Септември 2012, 19:44:30 pm »
E sega so feedbackot od Sase se potvrduva mojata dilema, i Nokian i Hankook-ot se odlicni zimski gumi.
Aj da vidam so cenata kako se dvizat mozebi toa ke bide klucno.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #33 на: 08 Септември 2012, 22:18:04 pm »
Ja би одбрал Hankook, velestrumf мислам дека еднаш се жалеше нешто на Nokian ... :/

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6109
  • 69
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #34 на: 08 Септември 2012, 22:20:46 pm »
Ханког по кажување на еден колега не се баш нешто нај нај...Инаку Нокиан имаме на службените коли и одлични се, само се многу крути, тврди за зимски гуми...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #35 на: 08 Септември 2012, 22:25:05 pm »
Ја на службените имам Ханког и Гиславед, двете се покажаа ОК.

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #36 на: 09 Септември 2012, 20:55:51 pm »
Летни Bridgestone Potenza RE050A, во димензија 205/45/17...одлична гума, доста предвидлива, држење на влажно, се е 5 (или 4+ би рекол)...единствено се пре-крути за нашите кратери




Зимски Nokian WR D3, во димензија 195/55/16... многу пријатно изненаден во цена/перформанси, ја имавме нај-гадната зима во последните неколку години, стварно се покажаа одлично

I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #37 на: 10 Септември 2012, 08:56:51 am »
Ja би одбрал Hankook, velestrumf мислам дека еднаш се жалеше нешто на Nokian ... :/

Глеам нешо баран сум... :)

Еве вака... Зимски - Nokian WR G2 205/60 16 на фабрички бандажи.



http://www.nokiantires.com/tyre?id=11899&

http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Nokian/WRG2.htm

Се’ на се’, океј гума. Немам замерки за нејзе, али па имајќи предвид дека не сум ги возел многу многу, не би можел ни да дадам некаква оцена. Од моето искуство, на снег доста добро се покажаа, на дожд исто така, на мраз се малце слабички.

Џиџи, можда мислиш дека сум се пожалил, коа за малце ќе летав од Кале... Не беше тоа до гумите, до мене беше ;) Се навикнав на летната постава, и коа бев у Мотоцентар (Визбегово), турив зимски (горенаведениве), па на враќање накај дома, ја фаќав горе кривината, кај Америчка амбасада, и за малце ќе завршев на стадион :) Балончиња еаго :D Али па ќе кажам, тоа беше моја кривица, не на гумите.

Летна постава - Continental SportContact 3 215/50 17 на OZ Ultraleggera



http://www.conti-online.com/generator/www/uk/en/continental/automobile/themes/car-tyres/standard-car-tyres/contisportcontact/contisportcontact-3/contisportcontact-3.html

http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Continental/Sport-Contact-3.htm

Фантастична гума! Разумно мека за да биде комотно, а доволно тврда за да гризе асфалт у кривини. Ми се препороди колата кога ги турив гумиве. А и бандажите си играат улога нели ;) На суво се фантастични, на мокро се доста добри. Проблем се јавува на нашиве патишта, после тазе наврнат дожд, на малтене било кое обележување на патот. Не знам бојана со кој процент на зејтин е, ама знае и тек како да пролизга. Но еве, утре да зимам други, ќе треба некој да ми изнесе многу многу солидни аргументи зашто да не би ги купил пак.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #38 на: 10 Септември 2012, 09:12:54 am »
Од неодамна Michelin Alpin A3 димензија 205-55/16



Поима неам како ке се понашаат на снег и ладно време (за што и се наменети).

http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Michelin/Primacy-Alpin-PA3.htm

На пролет би требало да се подновам со Continental Premium Contact 5 (по предлог на Џиџи и Симо)



http://www.tyrereviews.co.uk/Tyre/Continental/Premium-Contact-5.htm

P.S. Џиџи ѕирни што викаат Англичаните за "wear" - After 3000 miles. I'm half done!! WTF

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #39 на: 10 Септември 2012, 09:19:10 am »
последниве 10-тина години возам премиум летни спортски гуми на моите коли. СИТЕ го имаат проблемот со зејтинот во бојата за пешачки премини КАЈ НАС! Штом излезеш надвор од границиве, ситуацијата се менува. Во Хрватска, таму кај што е фарбано мислиш дека шмиргла ставиле, а не боја. Во други земји е порапав асфалтот кај пешачките, па горниот слој кај што гази гумата е асфалт, а бојата е во порите итн... Значиии за само кај нас се користи мрсна емајл боја за фарбање арматура уместо специјална нелизгачка рефлектирачка боја.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #40 на: 10 Септември 2012, 09:45:54 am »
Работата што не ја бендисувам кај нив е слабиот фидбек од воланот и колата при брза вожња, особено во кривината.

Саше биди среќен што е тоа така. Зошто да не беше така ќе имаше многу поголема опасност од пролизгување. Не се континентал глупаци... Спората реакција на гумата остава време силите што делуваат врз шасијата и се пренесуваат на гумата подобро да се пренесат и со тоа се намалува шансата за пролизгување.

E sega so feedbackot od Sase se potvrduva mojata dilema, i Nokian i Hankook-ot se odlicni zimski gumi.
Aj da vidam so cenata kako se dvizat mozebi toa ke bide klucno.

Од Ханкок ти препорачувам да погледнеш Hankook Icept RS Plus:

Многу солидна гума од корејскиот производител.

Задните гуми ми се сава, 6 та година веке ги терам, ескимо пишува на нив, ама имаат ознака M+S, дали се зимски или комбинирани незз,

По Словенечки стандарди се зимску гуми, но по европски се како повеќесезонски. ЗИмска гума ама евтина и со слаби перформанси

а сеа на топлово како чкрипат особено коа вртиш, мислиш возам кола од 300 коњи цело време со дрифтање, ама неможам да му докажам, летно-зимски се и готово  ;D

Ихааааа!!!! ;D

Continental Premium Contact2 205/55/16  летни, а зимни не користам.

Па шо ќе ти зимски гуми? За на плажа одење еаго?

Иначе мојот Спарк вози димензии 155/70-13 а може да вози 155/65-13 или 155/60-14

Летни Michelin Energy saver e3b. Презадоволен од тоа како држат, кола превртуваат ама тешко пролизгуваат и на суво и на влажно.


Исто така за евтини пари препорачувам Tigar Sigura. Одлична на суво и влажно:


Одлична е барем додека е нова

Зимски:
Fulda Kristall montero 2 Фантазија од гума на снег и длабок снег. Нели Џиџи?


Fulda Kristall Montero 3 е уште подобра од Kristall montero 2




Не препорачувам Сава Ескимо S3 како гума за СКОПСКИ ЗИМИ. Многу лоши перформанси на суво и мокро. На снег се просечни.


Оваа зима ќе гупам две гуми за предните тркала бидејќи една од Фулдите ми е оштетена и тоа секако ќе биде:


Фантастична гума по фантастична цена со одлични перформанси на мокро и снег.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #41 на: 10 Септември 2012, 09:58:33 am »
Цитат

P.S. Џиџи ѕирни што викаат Англичаните за "wear" - After 3000 miles. I'm half done!! WTF

Хммм могуќе, мека е гумата - зависи како возиш... Како и да е ти ќе ги комбинираш со зимски, па за 6 месеци колку би се јаделе годишно со домаќинско возење? Ете ги виде кај мене, обавезно и ќе ги ротираш (напред-назад секоја сезона) и мислам дека нема да имаш проблем. Зеро ги возеше исто и презадоволен е, незнам кој друг имаше такви за да се консултираш.

@Falanga

Fulda Kristall montero 2 Фантазија од гума на снег и длабок снег - ПОТВРДУВАМ од искуство ;)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #42 на: 10 Септември 2012, 10:14:18 am »
Работата што не ја бендисувам кај нив е слабиот фидбек од воланот и колата при брза вожња, особено во кривината.

Саше биди среќен што е тоа така. Зошто да не беше така ќе имаше многу поголема опасност од пролизгување. Не се континентал глупаци... Спората реакција на гумата остава време силите што делуваат врз шасијата и се пренесуваат на гумата подобро да се пренесат и со тоа се намалува шансата за пролизгување.


Апсолутно погрешно.

Хауевер, прво до Саше - пробај напумпај ги гумите 0.2 - 0.3 бара повеќе. Кај мене тоа многу помагаше. Има некои гуми што едноставно сакаат пумпање малку повеќе над препорачаните вредности на возилото.

Е сега, Фалангич: Ова што го збориш е апсолутно нелогично и погрешно. Колку е гумата потврда, толку подобро пренесува информации од подлогата, и толку повеќе е возачот свесен за тоа што се случува на патот. Соодветно на тоа, и многу е побезбедно. Колку е гумата помека, пренесува помалку информации, и уште поважно - толку повеќе се „кифли“ и толку повеќе се изместува возилото од саканата траекторија.

Да, гумата треба да абсорбира добар дел од вибрациите и нерамнините, и тоа и го прави. Ама да кажеш дека помека гума е побезбедна, извини ама не гледам како зголемена деформација и помалку информации од патот се „безбедни“.

----

Да дополнам:

На Леонот возев летни Bridgestone Turanza ER300 кои беа потврди, ама одлично држеа на пат, и одлично се покажуваа и на мокро, а после тоа возев Continental PremiumContact кои беа драстично покомотни (самата гума беше помека) на сметка на управливост и прецизност. Зимски возев Tigar Wintera, кои (барем за моите потреби) се покажаа одлично.

На Голфот возам Michelin Energy Saver кои се стварно меки и комотни. Доста се кифлат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #43 на: 10 Септември 2012, 10:18:51 am »
^^^

Keeping a low profile
Checking the sport option on any car usually comes with a “plus one” to the size of the rims equipped. Granted, these larger wheels give your ride a better look, but there's a handling aspect to be considered as well.

While the diameter of the rim increases, the overall diameter of the wheel and tire package stays the same. That means that the percentage of the wheel that's squishy rubber is somewhat reduced in favour of inflexible alloy.

Imagine that your shoes were soled with pneumatic material and you'll see what's going on here. At a higher-profile, you're essentially trying to balance on a set of moon-hoppers. Drop the side-profile to just a few inches, and you've donned a pair of Nike Airs instead.

What's more, modern high-performance tires will have added stiffening agents in the sidewalls to prevent flex under heavy cornering loads. In some cases, this can create a rough ride – think of BMW's very stiff run-flat tires – but the trade off is sharper-feeling steering and more reactive handling.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34065
  • Таков е животот... јебига
Одг: Tip na gumi koe vasheto vozilo gi koristi
« Одговори #44 на: 10 Септември 2012, 11:03:52 am »
Мислев за нагли реакции на пример на воланот и при кочење, помеката гума остава милисекунда (хипотетички) повеќе за реакцијата да се пренесе преку гумата и амортизерот и држачите на тркалото на шасијата и со тоа да спречи проклизување.

Спортските конструкции се предвидени да возат тврди гуми и сето тоа е предвидено однапред. Ама за патничко возило помека гума е подобра. Ќе се потруда да го најдам текстот каде што го пишуваше ова.