Не треба да глумат, треба да бркаат криминалци. А што се однесува до сервисите, за 1.6 и 2.0тди отприлика исто отфикаруваат во сервис. „Ракавно тресење“ ценовник имаат. Не е страшно. Сепак е поекономично од крајслериве. Уствари, со иситио буџет за одржување на крајлсериве сега ќе отплаќаат и сервисираат нови возила. Тоа е за пофалба. Не е за пофалба што немаат различни возила, како во сите нормални држави. Енглезите (што ги спомна Јаре) се чист пример: Фордови, Опели (Воксали), Шкоди, по некое БМВ, Мерц, Јагуар и други брендови, се` е на нивното мени. Дури и Митсубиши. Така треба да биде опремена полицијата. А не САМО и ЕДИНСТВЕНО со еден тип на возила.