Автор Тема: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)  (Прочитано 7523 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Вакој сеа - време му дојде на Виндоусот да се реинсталира.
Десетина дена пред да го форматирам и реинсталирам, CRT мониторот го заменив со LCD и не изгледаше како да си контраат со графичката.

Замина форматирањето, го стаив истиот Виндоус што го имав, го инсталирав драјверот од графичката, ама не е тоа тоа. Компјутерот си е брз, си работи се како што треба, ама мака мачи со фул скрин апликации. Youtube нема шанси да гледам во фул скрин, игра нема шанси да пуштам, и тако даље.

Пробав да сменам драјвери, исто е. Ми ск*рчија дравјерите, спуштив друга верзија на Win. И таа не ја биваше, спуштив уште една, али џабе.

Се работи за прилично стара конфигурација која си работеше перфектно пред да реинсталирам Windows. Сега се поремети и моите скромни-кон-задоволителни вештини не се доволни да го решат проблемот.

In case it's useful:
3.0 GHz P4
Ati Radeon 9250 128 MB
1 GB RAM

P.S. Џукелава треба да остане во наследство на моите откако ќе заминам на факс, па ако успеам да ја оспособам за бејзик сурфање по интернет и глупостарии што стариве би можеле да праат со него, супер. Секоја помош е добродојдена.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #1 на: 27 Август 2012, 00:45:20 am »
прво би пробал со друга графичка како ке се понаша.....

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7826
  • Плинаш!!!
Одг: Re: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #2 на: 27 Август 2012, 01:01:01 am »
Јас го имав истиот проблем пред година дена. Ако добро се сеќавам, проблемот го решив со инсталирање на нов directx, или па пробај инсталирај видео кодеци. Стварно не ми текнува како го решив проблемот, ама мислам дека беше една од овие 2 работи.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #3 на: 27 Август 2012, 01:20:42 am »
Другар реши ваков проблем со апдејт на драјверите на графичката...
Види на матичната дали имаш интегрирана графичка, доколку имаш извади ја сегашнава и пробај со интегрираната дали ќе ти биде ок...
Веројатно знаеш ама да ти кажам како да провериш дали имаш интегрирана >>> види позади на куќиштето дали имаш два исти влеза за монитор (веројатно од тие плавите со многу дупчиња) ... доколку имаш два значи имаш интегрирана, извади ја обичната графчка и прбај со интегрираната...
Кај мене на мојoт десктоп што бтв. е пута два послаб од твојот, ми правеше проблем исто графичката... имав интегрирана, ја извадив и сега е топ!!! Два пати е побрз од што беше, не е веќе Голф, сега е Алфа :D

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #4 на: 27 Август 2012, 01:25:13 am »
прво би пробал со друга графичка како ке се понаша.....

Моментално не можам да набавам, во изумирање се овие стариве модели...

Јас го имав истиот проблем пред година дена. Ако добро се сеќавам, проблемот го решив со инсталирање на нов directx, или па пробај инсталирај видео кодеци. Стварно не ми текнува како го решив проблемот, ама мислам дека беше една од овие 2 работи.

Твојов совет некако ми има логика, на се ми текна на DirectX не ми текна. Се спушта сега со брзина од 5kbps, стечајскиов интернет од 30 гига отиде пред 10 дена :D

@Bojan j

Нема интегрирана во матичната. Драјверите се спуштани од 300 различни места, и ниеден не се мирисаше. Ќе пробаме со DirectX, ако не бива ќе прашам некои од искусниве компјутерџии.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Re: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #5 на: 27 Август 2012, 01:56:09 am »
Posle odi na stranata za drajveri za maticnata i vidi agp drajveri dali ima...
P.s. proveri ja grafickata da ne ima nekoj poduen kondenzator

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #6 на: 27 Август 2012, 02:08:48 am »
После советиве од ммм121, ако не бива, види извади ја графичката и прсни wd 40, може некој контакт заебава...

Отсутен Vlatzki

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2069
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го l
« Одговори #7 на: 27 Август 2012, 03:14:04 am »
Со WD-40 на графичка ни под разно... Сосема се големи шансите дека ќе го поебеш компјутерот. Проба ли со постари драјвери на графичката да видиш дали ќе се реши проблемот ? Инсталирај и драјвери за чипсетот од матичната.

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3040
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #8 на: 27 Август 2012, 03:28:10 am »
Пробано многу пати и не правеше прболем ни кај мене ни кај еден другар... а сега работи на интегрирана не заради спрејот туку зашто графичката беше стара 5-6 години, и дојде времето ...

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #9 на: 27 Август 2012, 03:43:59 am »
DirectX 9.0c инсталирав, последна верзија ваљда е таа од јуни 2010 - нејќе и со тоа. Матичната ми е Soltek ама оди најди кој модел... Утре да видиме Еверест што ќе каже, па да најдеме драјвери и да инсталираме.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #10 на: 27 Август 2012, 07:43:26 am »
Намали резолуција, друг проблем немаш.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #11 на: 27 Август 2012, 08:28:21 am »
А бе какво WD-40! Не е ова трактор ИМТ! Тоа само на вентилатори се става, и тоа ако немаш убава маст. Во друг случај, WD подалеку од компјутер.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #12 на: 27 Август 2012, 08:40:51 am »
Намали резолуција, друг проблем немаш.

Точно....
Е сега пред да го смениш ЦРТ-то си имал многу помала резолуција, па одкако си го ставил ЛЦД-то резолуцијата ти се подигнала...
Решението ти е или да ја намалиш резолуцијата, што не би било баш ОК пошто све ке ти биде мутно, друга варијанта ти е да наместиш јутјуб да работи на најниска резолуција или трета варијанта ти е да ги замениш ПЦ-то со ново...
јб-га, времето и техниката си го направиле своето...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #13 на: 27 Август 2012, 11:09:40 am »
Резолуцијата со CRT беше 1152x864, а сега е 1280x768 - првата wide screen што е. Ајде ќе пробам и тоа.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Проблем со графика - се бара јунак да го реши :)
« Одговори #14 на: 27 Август 2012, 11:22:07 am »
Не може да има толку драстична разлика за толку мала разлика во резолуција. И јас би циљал на чипсет драјвери, особено ако возиш XP.

Intel Chipset Drivers

Никогаш не собирај драјвери од 300 места. Кујзнае што пакуваат во нив. Собирај исклучиво од официјалните сајтови.