Како што и реков, Дијаната редовно се вози освен во зима со исклучок на прошла година а и сега(баш денеска ја извадив дека гледам нема сол па нека се вози), прошла се возеше цел Јануари и Фебруари дека Аурисот го удри татко ми па мораше нешто да се вози. Така беше и со Акцентот, он коај зезаше Дијаната одма у помош и фала богу до сега без проблеми.
Општо сега за неа нешто што е работено, лимарија комплет е сменето од лимот кај педалите до гепекот освен делот под седиштата кој беше здрав и уште е. Значи лим кај педалите цел нов(ретко кој го мењава цел), патоси нови, прагови, гепекот нов, поткрилата беа крпени дека немаше тогаш уште нови за разлика од сега(за некоја година и они ќе се сменат комплет нови).
Што се однесуе до механиката моторот е оригинален и да не го урочим одлично иде. Зафати на него нема нешто посебно, сменет преден семеринг на радилица, карбуратор сменет, платинки каиш свеќици тоа нормално, генерално редовно одржуење. Сакав да го средим карики генералка, го гледа мајсторот ок вика влажи на наочарки на вентили ќе го средимо и влезе кај него у работилница. Еве го по некое време излага вика ај дај ми да ја извозим изволте викам, ја извозе дојдовме рече да ми извиниш ама ја не ти го отворам моторов. Иде одлично коај ќе треба дотури уље и вози кај сакаш, ја нема шанси да го отворим и така и напраевмо, знаев додуше ја дека нема грешка и пред он да ми каже ама ете, друго е мајстор коај ќе ти каже.
Проблем беше дур го најдемо мајсторот, после тоа е полесно. У меѓувреме комплет летва е ремонтрирана, подвозје све што треба, семеринг на радилица и колку што памтим од поголеми работи тоа е тоа. Колата е скроз исправна, се вози сега почесто, пример само со Аурисот за година дена 7.000км пројдено со Дијаната 5.000км.
Инаку за офарбана е лошо офарбана, сликите лажат нормално. У почеток се замарав со тоа ама од коај почнав да ја возим сфатив дека све остало е небитно. Пример има разлеано на некои места и слично, полирана беше летоска ама чисто гребнатинки да се извадат од кучето што ми ја изгреба дур беше мало. И да сакаш од лошо офарбана кола со полирање не можеш ништо посебно да извадиш, а ја припремив за полирање баш како треба, перење, хемиска деконтаминација, перење пак, па физичка деконтаминација со глина, полирање и на крај со Полимер Нетшилд од Сонакс заштита која топло инаку ја препоручуем.