Автор Тема: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација  (Прочитано 27087 пати)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29660
    • CARclub.mk
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #105 на: 26 Јануари 2022, 15:02:09 pm »
Друже, секоја чест за Дијаната! :)

Да се потстопли, да заличи малку времево, па ќе праиме фотки и статија. :)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #106 на: 26 Јануари 2022, 15:25:33 pm »
Секоја чест. Браво за упорноста.
Кога ќе има следен собир да не имаш информација?
Фала :) Рано е уште за собири, кога ќе има најава за некој ќе ве известам тука обавезно или у соодветни теми, кои како што видов фала богу ги има :)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #107 на: 26 Јануари 2022, 15:26:44 pm »
Друже, секоја чест за Дијаната! :)

Да се потстопли, да заличи малку времево, па ќе праиме фотки и статија. :)
Фала Јаре :) Лаф нема и за фотки и за статија, Пролет некаде идеално е. За дружба сум увек расположен :)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #108 на: 26 Јануари 2022, 15:47:04 pm »
Како што и реков, Дијаната редовно се вози освен во зима со исклучок на прошла година а и сега(баш денеска ја извадив дека гледам нема сол па нека се вози), прошла се возеше цел Јануари и Фебруари дека Аурисот го удри татко ми па мораше нешто да се вози. Така беше и со Акцентот, он коај зезаше Дијаната одма у помош и фала богу до сега без проблеми.

Општо сега за неа нешто што е работено, лимарија комплет е сменето од лимот кај педалите до гепекот освен делот под седиштата кој беше здрав и уште е. Значи лим кај педалите цел нов(ретко кој го мењава цел), патоси нови, прагови, гепекот нов, поткрилата беа крпени дека немаше тогаш уште нови за разлика од сега(за некоја година и они ќе се сменат комплет нови).
Што се однесуе до механиката моторот е оригинален и да не го урочим одлично иде. Зафати на него нема нешто посебно, сменет преден семеринг на радилица, карбуратор сменет, платинки каиш свеќици тоа нормално, генерално редовно одржуење. Сакав да го средим карики генералка, го гледа мајсторот ок вика влажи на наочарки на вентили ќе го средимо и влезе кај него у работилница. Еве го по некое време излага вика ај дај ми да ја извозим изволте викам, ја извозе дојдовме рече да ми извиниш ама ја не ти го отворам моторов. Иде одлично коај ќе треба дотури уље и вози кај сакаш, ја нема шанси да го отворим и така и напраевмо, знаев додуше ја дека нема грешка и пред он да ми каже ама ете, друго е мајстор коај ќе ти каже. :D

Проблем беше дур го најдемо мајсторот, после тоа е полесно. У меѓувреме комплет летва е ремонтрирана, подвозје све што треба, семеринг на радилица и колку што памтим од поголеми работи тоа е тоа. Колата е скроз исправна, се вози сега почесто, пример само со Аурисот за година дена 7.000км пројдено со Дијаната 5.000км.

Инаку за офарбана е лошо офарбана, сликите лажат нормално. У почеток се замарав со тоа ама од коај почнав да ја возим сфатив дека све остало е небитно. Пример има разлеано на некои места и слично, полирана беше летоска ама чисто гребнатинки да се извадат од кучето што ми ја изгреба дур беше мало. И да сакаш од лошо офарбана кола со полирање не можеш ништо посебно да извадиш, а ја припремив за полирање баш како треба, перење, хемиска деконтаминација, перење пак, па физичка деконтаминација со глина, полирање и на крај со Полимер Нетшилд од Сонакс заштита која топло инаку ја препоручуем.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17497
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #109 на: 26 Јануари 2022, 16:04:27 pm »
Може да ти ја спаси некој стручен што работи полирање, со водена шмиргла ќе измазни се па ќе препорлира, генерално ќе добиеш доста помазни површини и ако има некаде истечено или прашинки во бојата, ќе се потсредат колку толку.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #110 на: 26 Јануари 2022, 16:13:10 pm »
Може да ти ја спаси некој стручен што работи полирање, со водена шмиргла ќе измазни се па ќе препорлира, генерално ќе добиеш доста помазни површини и ако има некаде истечено или прашинки во бојата, ќе се потсредат колку толку.
Да, сум помислил и на тоа ама сума сумарум више се исплаќа комплет да се префарба како што треба него ли тоа. :) Планирам тоа здравје за некоја година, сега не ми се чепка, само ми се ужива. :)

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #111 на: 26 Јануари 2022, 16:23:57 pm »
Инаку летово ја заштитив подвозје и од унутра зошто после 10 години скоро време беше. Генерално подвозје и од внатре беше одлична, на ситни местенца површински покажано и одлучив дека идеално време е да се обнови заштитата. Зедов 8 литри пластобит од 4cr со ознака 5400 и 2 литри од Etalon дека немаа црн од 4cr. Тоа беше за подвозје а за унутра од Body околу 5 литри и за прагови исто. У шуплини т.е. у прагови, шини од шасија, врати стаев и восок од 4cr. Стандард коај ја зедов уште на некои места ја досредуев со заштита па така измеѓу остало и праговите од доле и од подвозјето на краевите ги премачкав дополнително со восок. На прелази меѓу крилата со шприц налив восок плус.  Еве некое сликиче од растурање коај му ја носев на мајсторот, заштитена и офарбана од внатре и на крај исполирана(свекако светеше и претходно чисто ради гребнатинки од кучето тоа како што реков).






Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #112 на: 26 Јануари 2022, 16:31:16 pm »
Наставак. :D








Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #113 на: 26 Јануари 2022, 16:47:56 pm »
Да не биде све одеднаш ко алапача некоја да се изнаприкажем, уште за тапацирите и доста е за денеска да не изгуби смисла све. :)

Оригиналните тапацири на Дијаната моја беа од лесонит и обложени со скај. Е сеа со тек на време од годините истите беа у лошо стање и дека има два вида на тапацири, пластични и од лесонит, позастапени се пластичните налетав на такви ги офарбав и до летоска ми беа такви. Ама ја па сакам да ми биде све оригинал, зедов лесонит, оригиналот како пример го однесов и ми го напраеја по мера дека самиот да се напрае да се моделира као што сакав у почеток малку потешко е.
Ми седеше лесонитот нетапациран со месеци и дури ми беше Дијаната кај мајсторот за заштита си реков ајде чим си почнал среди ги и нив, свекако си слободен. Видов како се оригинално напраени, зедов сунѓер, скај ги искроив и ги истапацирав. Резултат, богами фабрички. Една од рачките хромирани од бравите од тапацирот ми беше скршена ама од лим е и се средуе ја вратив ама ете, Јануари бев у Србија и ко за "беља" у комшии Дијана иста како мојата ама распад стање. Зедов од неа лајсните од вратите, оригинал ретровизор и баш тие хромирани рачки од вратите. Сакав и воланот ама падна снег и немав услови.

Еве сликичиња од тапацирите.






Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #114 на: 26 Јануари 2022, 17:07:06 pm »
И еве од коај ја зедов од мајстор и ја состаев. Нормално и од ОБСЕ набљудуачот е туе, ипак е негова колата па да види што и се дешава.








Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #115 на: 26 Јануари 2022, 17:29:41 pm »
Што убаво си го сместил газот на меко тој набљудувачот ;D

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3067
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #116 на: 26 Јануари 2022, 17:35:33 pm »
Супер тема и супер кола.

Цитроенџиите се посебна сорта, фамилијарниот Citroën BX 15 TGE (1994) отиде кај ваков мераклија од Скопје, му среди пар работи еве го уште го вози.

Отсутен cdyane

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #117 на: 26 Јануари 2022, 17:40:45 pm »
Што убаво си го сместил газот на меко тој набљудувачот ;D
Шо би се рекло, му знае г'зот. :D

Супер тема и супер кола.

Цитроенџиите се посебна сорта, фамилијарниот Citroën BX 15 TGE (1994) отиде кај ваков мераклија од Скопје, му среди пар работи еве го уште го вози.
Фала Смоле. :) Пази, генерално Цитроенџии се посебна сорта точно. Е сеа генерално они се Цитроен до крај, ама ја сум порационален, као дејли се вози Аурис а за мерак мада у задње време почесто дека и татко ми ја користи више Дијаната. Ми фали мекоќата у вожња што ја нуди француз али на крај изборот ипак испадна на Аурис. Мислим дека немам и туе згрешено мада времето за тоа ќе покаже. :)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #118 на: 27 Јануари 2022, 01:58:40 am »
Сега ми текна која кола е, добредојде назад! :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1126
Одг: Citroen Dyane 6 LC 1980 - Реставрација
« Одговори #119 на: 27 Јануари 2022, 11:16:25 am »
Лепота. Многу имам мерак, ама недостаток на пари и време а и малце способност, и вештина со раце, да си реставрирам една Buba, Citroen Спачек, дијана или рено 4.