Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243338 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1230 на: 26 Јануари 2016, 22:47:15 pm »
Да ја затвориме темава:)

Само MRMUDTH да не го види ова! :D

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1231 на: 26 Јануари 2016, 23:18:02 pm »
Јас би едно вакво Симо  ;D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1232 на: 27 Јануари 2016, 07:27:25 am »
Да ја затвориме темава:)

Само MRMUDTH да не го види ова! :D

Хахаха :D  Ќе ја праи ваква!  :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1233 на: 28 Јануари 2016, 13:24:58 pm »

Да имам за фрлање, ова дефинитивно иде во гаража. Има да го направам спална позади, и пола тон накај тон изолација. Седишта најголемите фотељи што ќе ги најдам. Тешки мераци.
« Последно менување: 28 Јануари 2016, 14:35:35 pm Deni »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1234 на: 10 Февруари 2016, 09:35:54 am »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1236 на: 01 Март 2016, 12:47:00 pm »

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1237 на: 24 Март 2016, 15:01:13 pm »
Во задно гледав теренци, дали ќе купам тоа е друго :).....Возилца кои ми привлекоа внимание
1.Opel Frontera, 2.2 dti или бензин 3.2 v6 мотор 2002-2004 , со 3 врати, пократка осовина, генерално по форумиве за офф-роуд задоволни.

2. Lada Niva нова или не постара од 5 години, цена на ново околу 8500 илјади, 1.7i инџекшн, нема каде што не се качува, со корозија од она што сум ги гледал кај нас се така така.....најнормално возило возено на терен неможеш да очекуваш да не е оштетено.
3.suzuki jimmy 1.3 моторче, 4х4 кратка осовина згодно за качување, пред некој 4-5 месеца во Солун начекав на плац такво за само 3000 евра 2005 со 48.000 км, возено на некој грчки остров рент а кар, ама не бев во можност инаку ке го довлечкав
4.Ssangyoung Koronado модел до 2004, штета што кај нас не се наоѓа некое вакво, едно зелено се врти низ кичево(и околните планини) ама е во доста дефект варијанта, пготово каросериски.

5.Land rover defender 90, кратка осовина, топ џипче према ревјуа и коментари на корисници по  форуми. На ново е малку соленко, бар во Грција и Бугарија, кај нас не знам ни дали го има во понуда.
6.Land rover discovery 2, производство измеѓу 1998 и 2002 2.5 tdi....



Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1238 на: 24 Март 2016, 15:07:15 pm »
Во задно гледав теренци, дали ќе купам тоа е друго :).....Возилца кои ми привлекоа внимание
1.Opel Frontera, 2.2 dti или бензин 3.2 v6 мотор 2002-2004 , со 3 врати, пократка осовина, генерално по форумиве за офф-роуд задоволни.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
2. Lada Niva нова или не постара од 5 години, цена на ново околу 8500 илјади, 1.7i инџекшн, нема каде што не се качува, со корозија од она што сум ги гледал кај нас се така така.....најнормално возило возено на терен неможеш да очекуваш да не е оштетено.
3.suzuki jimmy 1.3 моторче, 4х4 кратка осовина згодно за качување, пред некој 4-5 месеца во Солун начекав на плац такво за само 3000 евра 2005 со 48.000 км, возено на некој грчки остров рент а кар, ама не бев во можност инаку ке го довлечкав
4.Ssangyoung Koronado модел до 2004, штета што кај нас не се наоѓа некое вакво, едно зелено се врти низ кичево(и околните планини) ама е во доста дефект варијанта, пготово каросериски.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
5.Land rover defender 90, кратка осовина, топ џипче према ревјуа и коментари на корисници по  форуми. На ново е малку соленко, бар во Грција и Бугарија, кај нас не знам ни дали го има во понуда.
6.Land rover discovery 2, производство измеѓу 1998 и 2002 2.5 tdi....
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Discovery e врв, ама премногу држат цена.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1239 на: 24 Март 2016, 15:16:28 pm »
Лада Нива ти е единствено возило за кое не можеш да погодиш колку е старо по надворешниот изглед ;D
Р’ѓа е и ново и 3 години старо и 13 години старо :D

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1132
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1240 на: 24 Март 2016, 15:25:34 pm »

Discovery e врв, ама премногу држат цена.
Да, ама е така пошто на запад не ги експлоатираат нив премногу за офф роад, повеќето се од луѓе кои многу патуваат или имаат викендица негде и слично, меѓутоа имаат добри офф роад способности во секој случај, сум имал искуство со нив.
Лада Нива ти е единствено возило за кое не можеш да погодиш колку е старо по надворешниот изглед ;D
Р’ѓа е и ново и 3 години старо и 13 години старо :D

ха, ха, ха, Приказни, другар има од 2001 година, возен на релација,  Битола-Стење..топ е...малце дува масло од мотор, ама каросеријата е екстра.


П.С Спарк се купува во авто салон, или се паѓа во киндер јајце....:D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1241 на: 24 Март 2016, 15:45:39 pm »
Ha... ha... ha.... Very funny :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1242 на: 10 Април 2016, 18:45:00 pm »
За овој тип на возило (4WD) не е лошо повеќе да се опфати off-roud сегментот од експлоатација ако дозволи импортерот нормално, а и ако производителот го склопил целиов модел со таа намера (мада јас немам таков впечаток). Не дека имам намера да купувам, ама имам некаков негативен пристап кон овој тренд од последниве 10-15 години во кој се форсира овој тип на каросерија (демек џип, теренец како и да се вика), а тие најбитни карактеристики за тоа да му се смешни (или нека докажат дека не е така)...како ќе тера до Караџица, Алдинци, кал, снег со тој clearance, тие спортски гуми....ова блутут, клима исл. - кај вакви возила, не треба да се дискутира на оваа тема (според мене, може грешам)...
Ако наумиле тест колава да ја продадат за 99,5 од продажната цена, ич да не си трошам зборови...
Друго неам што да коментирам...дизајнерски дежаву...
Ниедно од овие возила не е „фабрички“ дизајнирано за да мрдне надвор од асфалтот. Да не испадне дека зборувам само за Хјундаи, туку истото важи и за скоро сите други. Системите за пренос на тркалата се многу основни и при пролизгување нема да можат да се справат со сигурност. Немаат блокажа на ниту еден диференцијал. Немаат ни самоблокирачки диференцијални ни напред ни назад. Мал дел од нив имаат некоја кутра електронска поддршка за блокажа на тркалото кое пролизгува, но тоа во ниеден случај несмее да се помеша со тоа дека колата е наменета за офроуд. Ако сакаш да одиш офроуд со овие возила ќе ги испокршиш. Што сакам да кажам со тоа се гледа на видеово.
Да, можеби ќе можат да поминат низ препреки ако ги залеташ, но тоа не е главната сушнина на офроуд. Со залетувања големи се шансите за беља. Офроуд треба да биде брзо возење по рамничарски предели, но и многу споро ползење по нерамнини и препреки. Вториот дел овие возила не го можат. И мора да применуваат начин на форсирано преминување на препреки со употреба на нивната инерција.
Понатаму ако продолжиме:

Малите возила како Пунто, или Џез или Поло кои не се наменети за офроуд имаат 165мм до 195мм простор под колата. Верувам според изгледот на овие SUV возила просечниот возач би рекол дека тие имаат „барем дупло“. Но, ајде да видиме колку имаат?

или

Тие имаат потполно ист простор под возилото иако се навидум далеку повисоки!!!
за крај офроуд возила кои смее да се спомнат се со:



Ајде да видиме каде е крајот на оваа лудорија. Што всушност МИСЛИШ дека добиваш, или попросто што јас би сакал да добијам од СУВ кога веќе купувам.
1. Подигнатост од земја за потенцијална офроуд ситуација.
2. Премека суспензија за удобност и добро лепење на пат на нерамен терен.
3. Висок профил на гуми за впивање на нерамнини и држење на нерамен терен.
4. 4х4 погон со шпер диференцијали напред и назад и блокирачки во средина за авантура надвор од патот.
5. Низок кров и многу ниско седење за да се задржи тежиштето на возилото што е можно пониско за поголема стабилност.
6. Простор во кабината за удобно седење на 4 луѓе со подлегнати седишта и многу простор за товар.

Но, тоа денес нема кој да ти го понуди. Сите овие параметри на добар SUV се упропастени со глупави правила, и посакувања на просечниот „газда“ кој сака да оди „со џипот“ по леб. Велиш зошто? Еве вака по ист редослед:

1. Подигнатост од земја како што гледаш погоре не добиваш никаква. Проодноста е мање-више иста како Пунто или полоша. BMW X1 на пример е пониско Хонда Џез дури. Значи ништо, седи си на асфалт. И оди по леб.

2. Заради Мус тест и заради пување и подигната возачка состојба и ставање на седишта од камион високи 50цм, возилото е нестабилно. И мора да се стави тврда суспензија. Тоа значи дека офроуд ќе биде камен тврдо, на нерамни патишта ќе е многу неудобно. Возев BMW X1 ново од Куманово накај Скопје и нерамнините на патот ти одат директно во бубрези. Не дека сите СУВ го прават истото, ама сите се лоши и тврди како камен. НАСПРЕМА верувањето дека треба да се меки и удобни.

3. Мода е да се стават нископрофилни гуми, макар и на магариња како СУВ. Зошто? Бог зна зашто. За да може да се оди со „џипот“ по леб, и на автопат, и на одмор. За да може да се користи СУВот на места за кој не е предвиден а ни наменет. Би очекувал да спие по нерамните автопати ако ништо друго? Не. Камења се кршат во гепекот, зошто инаку ќе се превртиш.

4. Нема муабет тука веќе за оваа точка.

5. Камен суспензијата во комбинација со превисока каросерија и ужасни исправени седишта ја прават колата превисока во горниот дел и секако нестабилна. Зошто треба над главата да имаш 20цм простор никој не знае. (Само мерцедес ГЛА е океј во овој поглед) Веројатно за да се влоши аеродинамиката на колата, незнам за што друго би се користиел тој простор инаку. Башка што се неудобни и личат на столчиња за трпезарија за ручавање, наместо да се ниски, легнати и удобни фотељи како што треба. Тежиште е збор кој ни се чул ни се видел.

6. Простор навидум имаат. Што е право. Ама не да речеш премногу нешто. Кнап простор. Собира луѓе седнати исправено нели... Што незнам зошто би ги собрало ама ајде. Ете тоа ќе го решиш во Тусонот со легнување на задните седишта и со прештрафување на седалата на задните седишта да се под агол за да не се лизгаш нанапред... Ќе учиме малку макети правење за да си го подобриме животот, тоа е. Предните какви се- такви се. Ќе ги отштрафиш предните штрафови од седиштето ќе ставиш подолги штрафови и ќе ги заштрафиш со подолги штрафови за да налегнат наназад малку за да може да седиш малце од малце комотно. Да не е како за супа јадење седиштето - па да не се накапеш.

Види сега, значи сите знаеме како треба да биде еден SUV и што треба да прави. Ама просечниот корисник не го купува за тоа Сувот. Го купува за да се курчи. За да седи што е можно повисоко за да има „командачка позиција“. За да не мрдне од асфалт, и за да оди секаде „со џипот“. Ако сме си искрени - нели.


Да не збориме за прегледност - во Каџар напред појма немаш до кај си од хаубата што е непотребно висока (нели за да личи понапумпана за пување). Назад па ич...

Мене ми е стварно жал што немаме вистински SUV возила, зошто јас баш би сакал да имам SUV возило кое ќе ми ја понуди лагодноста, удобноста, растеретеноста, и практичноста која би требало да ја нуди. Ама скоро ниеден SUV денес тоа не го нуди...

Кога за најдобриот „СУВ“ (или САВ) или што и да е муабетот е овој:
Со кој се сложувам од збор до збор.




Инаку еве го тестот на Форестер. Сув кој може да не се срами од своето име.
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,724.msg23693.html#msg23693


И видео од салам форестер:
« Последно менување: 10 Април 2016, 18:58:16 pm Deni »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1243 на: 04 Мај 2016, 04:56:33 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #1244 на: 09 Мај 2016, 13:34:36 pm »
Пак овие си го праат истиот тест од пред 10тина години.

Овој пат поприлично biased, демек нели случајно.  :) Изгубени у свемир се дечкиве од Фифт Гиар.  ::)