Минатиов викенд имаше тест на Форестер на Зајчев рид, организиран од Субару. Како возач беше дојден тест возачот на Субару од Грција, кој веќе неколку години е со нив, а бил тест возач во повеќе други автомобилски марки, како и рели возач во своите најмлади години.
Неколку часа муабети со бившиот фотограф, кој на времето користел Никон Ф5. И развозувања по теренот, на сите места со брзини блиски до 120кмч. Возилото е многу солидно, особено за својот изглед од кој би се заклучило дека не е теренец. Се справува со теренот без апсолутно никаков проблем. Нема никакви вибрации во внатрешноста при офроуд возење. Ако е потребно, може да пружи одлично забавување надвор од патот. И сето тоа со Дизел моторот при потрошувачка од 9.8 литри, а бензинецот од 10.9 литри. Убаво би било да се напомене дека ако возилото се вози надвор од патот на поекстремни терени убаво би било да има редуктор за низок степен на пренос. Бензинецот имаше и се движеше како ракета низ пределите без потреси и проблеми, споредбено со дизелот кој нема низок пренос, и често стигаше до 1000 вртежи во 1ва брзина и се случуваше да угасне.
За секој заинтересиран за ваков тип на возило, навистина вреди да се погледне. Особено ако дел има потреба да се вози надвор од асфалтната средина.
ТЕСТ:
Бев да го повозам Форестерот во град. Значи колата е навистина супер. Моторот е многу рафиниран со сила насекаде, а не се чувстувува дека се 4 цилиндри. Делува како многу помала кола кога ја возиш, и повлекува одлично. За кола која има 21 сантим висина и е највисока од конкурентите, воопшто не се чувствува. Преносот е фантастичен, а и суспензијата. Потрошувачката се движи во рамките на 8 литри за 2.0 тдизел моторот. Ниската поставеност на моторот и преносот, даваат чувство на сигурност и стабилност - реткост за волку висок автомобил. Може да се каже дека внатре личи на караван. Не постои никакво наведнување во кривини и слични негативни чувства. Диференцијалот е доста сплескан и не виси долу, па затоа и проодноста е толку голема. Крајниот заклучок е многу силен и позитивен.
Многу би сакал да го осетам 2.0 тдизел 4х4 во импреза, но нема такво нешто за проба. Ќе треба да се побара по комшии и пријатели.