1. Дали се слагаш дека повисоките возила (заради својата конструкција) се понестабилни?
Во принцип се согласувам, но обрнувам внимание на тоа дека „понестабилни“ не е исто што и „нестабилни“. Ако колата ми е
доволно стабилна, не ми пречи сознанието дека постојат коли кои се уште по стабилни. Конечно, можам да ти покажам на барем неколку коли кои се пониски од кокошарникот, а истовремено и далеку понестабилни. До сега не ми се десило да ми „избега“ колата на кривини и да влетам во овер-андерстир (пу пу да се поместам од местото), така да доволно стабилна е. Има и постабилни и појаки и побрзи коли, во мир сум со тоа, се додека мојата кола ми е доволно стабилна, доволно јака и доволно брза. Иначе, знам дека постои астон мартин кој е суперстабилен. Супер за него.
Ти дали се согласуваш дека повисоките возила (заради својата конструкција) подобро се снаоѓаат во снег, кал и надвор од асфалтот?
2. Дали се слагаш дека за да се компензира нестабилноста (навалувањето, со сите негови негативности), мора да се стави поцврста (потврда) суспензија (и ти самиот кажа дека суспензијата кај тебе е поцврста)?
Се слагам.
3. Дали се слагаш дека поцврстата (потврда) суспензија влијае негативно на комоцијата? Конкретно, мислам на пренесување на вибрации во ентериер, апсорпција на дупки и нерамнини, итн?
Во некои ситуации да, во некои не. Низ рошави лоши патишта сигурно влијае негативно. На долги патувања по автопат влијае позитивно (го нема константното нишање ко на брод да си) и може подолго да се патува без замор за возачот и особено патниците позади.
4. Дали се слагаш дека со изборот на повисоко возило со поцврста суспензија (твои зборови) не си го исполнил сопственото барање за „комоција како кај потешка лимузина?“
Не се слагам, барем не во целост. Удопството на потешката лимузина не доаѓа само од мекоста на подвозјето, туку и од општата стабилност која си доаѓа со поголемата маса, или најпрецизно кажано подобриот однос suspended vs unsuspended weight. Во обична кола кога преоѓам преку пруга тие на задната клупа скокаат. Кога проаѓам со тешка лимузина или со кокошарникот - не скокаат.
5. Дали се слагаш дека постои разлика меѓу покорисно и подобро возило?
Не знам дали се слагам или не се слагам доколку претходно јасно не дефинираме што е тоа „подобро возило“. Што е „подобро возило“? Прво кажи ова, па после ќе ти одговорам на прашање бр. 5.
6. Дали сè уште тврдиш дека 2WD кросовер е подобро возило од 2WD нормален хечбек?
Не можам да генерализирам за сите 2WD кросовери, пошто не се сите исти. Но, онака како што јас ја сфаќам „доброста“ на колите, некои се дефинитивно подобри возила од сите нормални хечбеци кои што сум ги имал/возел порано. (Забелешка: никогаш не сум возел Голф)