Автор Тема: Најдобро теренско возило???  (Прочитано 243254 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #975 на: 13 Јули 2014, 12:35:53 pm »
Од моја гледна точка на пример кај теренско возило не ми е важен Мус тестот. Дури би рекол на шала дека е потребно да го падне мус тестот за да е соодветна кола за моите потреби како теренско возило.

Јас на пример не гледам поента во возило кое е тврдо а подигнато како на пример BMW X3 и се повеќе и повеќе од подигнатите возила. Јас возењето на SUV го сфаќам како една работа - возило за Лоши Патишта (да и за ЛП е ако е дизел! :) ) Сакам да пловам по дупките низ градов во кој се наоѓам во моментов и во кој возам 80% од времето. Од тие причини и би сакал да имам во иднина нешто налик на Terios како второ возило кое нема да излегува никогаш од градот.

Да се навратам на Јетито на пример, кое можеби нема којзнае какви перформанси во кривини, но е релативно добро при совладување на тротоари и лежечи полицајци и ископини по улиците. Повторувам релативно, зошто не е доволно. Нажалост ја имам лошата висока возачка позиција како во трезарија во која тешко би можел да поминам малку подолго време.

Ако се навратиме уште малку на историјата многу подобро ќе се разбереме можеби. Цитроен Ксантија. Или Цитроен XM или BX. Тоа се оние возила кои јас би ги сакал денес. Не ми треба подигната каросерија од 1-2-5цм, туку ми треба удобност при возење на лоши патишта. А бидејќи јас од иста гледна точка ги гледам SUV, за да би купил такво - мене тие коли ми се главни конкуренти. Многу ми е жал што нема нов Citroen BX на пример со хидраулична суспензија која ги впива дупките и не ги пренесува директно во рбетниот столб.

Значи основна работа на SUV за мене е удобноста, а тие ја нарушуваат со лошата седечка позиција и сега се почесто и почесто тврдоста. Ете го спомнав BMW X3, кој е потврд од BMW 3, како и со полоша седечка позиција од BMW 3. Ми нема логика - мене, пак ќе кажам. На пример нешто како Ксантија е многу подобро и од BMW 3 и од X3, доколку е нова и up-to-date. Веќе тие се и големи возила и се непотребни за во град, па соодветно ги споменувам помалите возила. Ги расипуваат SUV возилата, тие одат полека полека кон X6 наместо да одат кон Citroen C6 караван. Имаше и убава спорерба на Порше 911, Ксантија и Рејнџ Ровер при поминување на лежечи полицаец, ксантијата имаше подобар резултат и конфор од Рејнџ Ровер. Мислам дека тоа треба да подобјасни колку-толку што сакам да кажам. Ultimate Comfort.


Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #976 на: 13 Јули 2014, 12:49:01 pm »
Од тие причини и би сакал да имам во иднина нешто налик на Terios како второ возило кое нема да излегува никогаш од градот.

Си возел некогаш Териос? Јас ум го возел службено бааги. Кокошарникот е светлосни години понапред во удобноста, исто како и другите кросовери кои сум ги возел. Териосот е прилично неудобно возило, барем според моите стандарди.

Значи основна работа на SUV за мене е удобноста, а тие ја нарушуваат со лошата седечка позиција и сега се почесто и почесто тврдоста.

Aко нешто ми се свиѓа кај високиве коли тоа сигурно е седечката позиција. Не би ја менувал за ништо. Супер е кога ем си спуштен длабоко доле во седиштето, како во нормална кола, ем гледаш све од малце високо, со феноменална прегледност.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #977 на: 13 Јули 2014, 12:50:24 pm »
Нешто налик Териос сакав да кажам - со тие димензии и форма. :)

Штата за седечката позиција, јас сакам онаква како во NSX, Integra, Lexus IS и слично. Обично сакам да седам во дневна, не во трпезарија. Едноставно објаснето.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #978 на: 13 Јули 2014, 13:18:42 pm »
На другите прашања/ставови нема да одговориш?

Со задоволство. Те молам дај ми листа од прашања бидејќи ми е тешко да ги разликувам вистинските прашања на кои очекуваш одговор, од реторските (како дали јас знам нешто што другите не знаат).

1. Дали се слагаш дека повисоките возила (заради својата конструкција) се понестабилни?

2. Дали се слагаш дека за да се компензира нестабилноста (навалувањето, со сите негови негативности), мора да се стави поцврста (потврда) суспензија (и ти самиот кажа дека суспензијата кај тебе е поцврста)?

3. Дали се слагаш дека поцврстата (потврда) суспензија влијае негативно на комоцијата? Конкретно, мислам на пренесување на вибрации во ентериер, апсорпција на дупки и нерамнини, итн?

4. Дали се слагаш дека со изборот на повисоко возило со поцврста суспензија (твои зборови) не си го исполнил сопственото барање за „комоција како кај потешка лимузина?“

5. Дали се слагаш дека постои разлика меѓу покорисно и подобро возило?

6. Дали сè уште тврдиш дека 2WD кросовер е подобро возило од 2WD нормален хечбек?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #979 на: 13 Јули 2014, 13:45:14 pm »
1. Дали се слагаш дека повисоките возила (заради својата конструкција) се понестабилни?

Во принцип се согласувам, но обрнувам внимание на тоа дека „понестабилни“ не е исто што и „нестабилни“. Ако колата ми е доволно стабилна, не ми пречи сознанието дека постојат коли кои се уште по стабилни. Конечно, можам да ти покажам на барем неколку коли кои се пониски од кокошарникот, а истовремено и далеку понестабилни. До сега не ми се десило да ми „избега“ колата на кривини и да влетам во овер-андерстир (пу пу да се поместам од местото), така да доволно стабилна е. Има и постабилни и појаки и побрзи коли, во мир сум со тоа, се додека мојата кола ми е доволно стабилна, доволно јака и доволно брза. Иначе, знам дека постои астон мартин кој е суперстабилен. Супер за него.

Ти дали се согласуваш дека повисоките возила (заради својата конструкција) подобро се снаоѓаат во снег, кал и надвор од асфалтот?

2. Дали се слагаш дека за да се компензира нестабилноста (навалувањето, со сите негови негативности), мора да се стави поцврста (потврда) суспензија (и ти самиот кажа дека суспензијата кај тебе е поцврста)?

Се слагам.

3. Дали се слагаш дека поцврстата (потврда) суспензија влијае негативно на комоцијата? Конкретно, мислам на пренесување на вибрации во ентериер, апсорпција на дупки и нерамнини, итн?

Во некои ситуации да, во некои не. Низ рошави лоши патишта сигурно влијае негативно. На долги патувања по автопат влијае позитивно (го нема константното нишање ко на брод да си) и може подолго да се патува без замор за возачот и особено патниците позади.

4. Дали се слагаш дека со изборот на повисоко возило со поцврста суспензија (твои зборови) не си го исполнил сопственото барање за „комоција како кај потешка лимузина?“

Не се слагам, барем не во целост. Удопството на потешката лимузина не доаѓа само од мекоста на подвозјето, туку и од општата стабилност која си доаѓа со поголемата маса, или најпрецизно кажано подобриот однос suspended vs unsuspended weight. Во обична кола кога преоѓам преку пруга тие на задната клупа скокаат. Кога проаѓам со тешка лимузина или со кокошарникот - не скокаат.

5. Дали се слагаш дека постои разлика меѓу покорисно и подобро возило?

Не знам дали се слагам или не се слагам доколку претходно јасно не дефинираме што е тоа „подобро возило“. Што е „подобро возило“? Прво кажи ова, па после ќе ти одговорам на прашање бр. 5.

6. Дали сè уште тврдиш дека 2WD кросовер е подобро возило од 2WD нормален хечбек?

Не можам да генерализирам за сите 2WD кросовери, пошто не се сите исти. Но, онака како што јас ја сфаќам „доброста“ на колите, некои се дефинитивно подобри возила од сите нормални хечбеци кои што сум ги имал/возел порано. (Забелешка: никогаш не сум возел Голф)

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #980 на: 13 Јули 2014, 23:38:08 pm »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43711
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #981 на: 13 Јули 2014, 23:38:50 pm »
Поспособно е за офроуд од било кој 2wd (wannabe) SUV.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #982 на: 13 Јули 2014, 23:55:50 pm »
5-ta e posposobna za off roud I od kooosarnici I od gulabarnici taka da celo pimplanje e dzabe
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43711
  • Il Moderatore
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #983 на: 15 Јули 2014, 10:44:44 am »
Еве еден теренец по мој ќејф:










Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #984 на: 15 Јули 2014, 14:29:12 pm »
Ова не е теренец, туку грда кобила. ;D


(Забелешка: никогаш не сум возел Голф)

Зеро, дај му бе едно кругче да му прошириш видици на човекот. Не гледаш те моли да го проба.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #985 на: 15 Јули 2014, 15:00:50 pm »
Ени тајм.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #986 на: 15 Јули 2014, 17:44:00 pm »

Отсутен Боби Л.

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
  • I live my life a quarter mile at a time...
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #987 на: 15 Јули 2014, 23:41:06 pm »
https://www.youtube.com/watch?v=-Lc9QZqITc4
Брзината не е опасна,туку будалата шo седи зад воланот :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Најдобро теренско возило???
« Одговори #988 на: 18 Јули 2014, 09:23:24 am »
5-ta e posposobna za off roud I od kooosarnici I od gulabarnici taka da celo pimplanje e dzabe

Зависи во кои ситуции, офроуд е широк поим. На подлога со лоша тракција (снег, кал, песок) е поспособна. На лош, нерамен терен, со џумки, дупки и камења - не е.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време