Ја цело време цмиздрам астрата крцкала. А некој тука ме убедува мојата кола не крцка, оваа кола не крцка, онаа не крцка.
Скоро сконтав што е муабетот.
Се возев со другар у нова Мазда 6. Крцкаше слично како астрата. Му викам на другаров - брат, те нервира крцкањево бе? Ми вика - кое крцкање бе? Па ова пеер што се слуша од овде и од овде. Абе кај слушаш жити се ми вика такви шумови. Нема везе баталив муабетот. Не му смета очигледно.
Али пред некој ден се деси нешо екстремно. Некој овде кажа Хјундаи не крцка. Се возев у ix35 нов џам, со сета можна опрема у свет што може да се стаи у таа кола, зборам навигација, кожа, сончев кров триста перверзии. Колава не да крцка, дури смеа ме фати мислев дека у секој момент некој дел ќе и се откачи. И пак муабетов - друже, абе многу ти се раскрцкала колава. И овој - абе ај не сери. Толку беше муабетот за тоа. Астрата крцка на нерамнини само. ix35 крцка тропа ко луда па и на облаци да го возиш. Ме вози 140-150 на автопат, прво тоа симфонија од крцкотници од сите можни правци, друго галама унатре саглам муабет не се праи и трето имав чувство дека се возиме 220 а не 140.
И после јас ја плукам астрата