Мене ми крцка понекад шофершајбната на Мазда-та кога има големи температурни варијации во текот на денот. Ама понекад и тоа ме нервира! А исто ме нервираат и стварчиците што тропкаат по џебовите од вратите, касетите и гепек. Ама што да правам со дете кога сум нон-стоп со ствари наваму-натаму. Како и да е, кога поминувам по нерамнини се слушаат само тие глупости, нема крцкање и тропање од други делови. За разлика од Маздата, службените Половци, кои иако се службени ги чуваме како свои и ко од личен џеб да се купени, крцкаат од секаде. Баш ко што го опиша она со ix35-ката. Да биде катастрофата поголема, не постои побучен мотор на ниедно возило во цел возен парк на ЕВН од 1.4TDI 2007-2008. Мислам дека на паркинг на ЈСП е потивко наутро кога ги загреваат автобусите одошто кога некој ќе запали Поло кај нас. Ама како и да е, веќе се имаме научено на галамата и си знаеш штом заверглаш дека доаѓа гласно ББББРррррАУУУУУУУУУУУ!!!! КЛО! КЛО! КЛО! КЛО! КЛО! Си пуштатш гласна музика во кола и баш те боли гајле што гласно клокоти Полонезот и што крцка од секаде.