Малку копав по интернетов и видиш, научив нешто.

Ова не е обичен туку е Турбо кружен тек, еден од повеќето видови на кружен тек. Измислен, нормално, од Холаѓани. Направен е за побрз проток на сообраќајот и спојување на улици од кои еден правец е со предност на минување.
Копирано од build.com.mk
*турбо кружен тек е нов вид на кружен тек кој од пред некое време почнува да се изведува во Холандија (има преку 70) и Белгија.
*во турбо кружен тек НЕМОЖЕ да се направи цел круг, лентите се физички ОДВОЕНИ и мора да одберете лента пред да влезете во кружниот тек. Целта е да се елиминираат конфликтни ситуации при менување на лентите внатре во кружниот тек. Овој креужен тек е побезбеден од конвенционалните бидејки може да се предвиди движењето на возилата.
*турбо кружен тек е дизајниран специјално за место каде главен и фрекфентен пат се крстосува со пат од помало значење, при што на главниот пат има 2 ленти за право, а на другиот една. (значи испаѓа дека релацијата треска-нова мкд. е пат со понизок приоритет)
*Има исклучоци каде што не се физички одвоени лентите внатре во кружниот. Тоа е случај онаму каде во одреден период од годината има снег и на овој начин се избегнува проблемот со чистење на снегот.
*Турбо кружен тек со 2 ленти и слободно вртење на десно (случај треска-н.м.) ја зголемува проточноста за до 20% во однос на конвенционалните кружн итекови со 3 ленти.
турбо кужен тек
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e4/Turborotonde.svg