Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3258088 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14476
  • Пудингот на шоферството
Според мене, Аудито го претекнувал Сеичентото и само што го поминал излегол автобусот (Аудито било во лентата на автобусот). Автобусот да го избегне отишол во лентата на Сеичентото и го собрал.

Крив во целата ситуација? Аудито.

За овој во Сеичентото да нема време да избегни/закочи сигурно бил затекнат од цела ситуација.

Како и да е, жалосно. Цел ден ги мислам луѓево еј. Млада фамилија, на одмор со Сеиченто. Којзнае колку го очекувале одморов.
1.Ако Аудито престигнувало,автобусот не смеел да ја напушти неговата лента пошо ако го направил тоа возачот ке си лежи долго во затвор.
2.Според мене а и според оштетеноста на автобусот и Аудито,Аудито претекнувало,автобусот има избегнато кон лево и Аудито со десната страна се има удрено во десната страна на автобусот со што дополнително го има исфрлено кон лентата во која било Сеичентото.Тоа се гледа и на снимките.
Криви се и возачот на Аудито(најмногу ради тоа што претекнувал небезбедно,иако можеби на дозволено место,незнам дали имал испрекината линија,а и возачот на автобусот шо пробал да одбегнува кога гледа дека отспротива иди возило.Треба да си ја чуваш твојата лента).
Е сега знаеме дека е секунда и дека е инстинкт па неможиш да изреагираш и мислиш како ние сега шо дрвиме од дома.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34201
  • Таков е животот... јебига
Возилото е арогантно пошто не може повеќе? Па секое возило може да вози 80 таму, колку што е дозволено, дури и Спачек со два клипа и 16кс.
Многу поверојатно е дека душбегот со Аудито се има изглупирано или па автобусот бил технички неисправен отколку што сеичентото би возело 60 наместо 80. На крај краева, сеичентото можело да биде и трактор, исходот би бил ист без да се сере дека возел пребавно. Секој има обврска да ја прилагоди брзината според условите на патот,па дури и Ауди душбегот кој купил приказна дека е бесмртен и тој и останатите во сообраќајот.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9162
може треба сите да си возиме мерцедеси како во Албанија, старо старо ама барем посигурно со оглед на културата на возење тука

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Цитат

2. Можно е тој со Сеичентото да возел преспоро и да кочел сообраќај, и да не оставил простор при тоа негово движење да биде лесно поминат од возилата зад него. Ова е страшно честа појава кај нас. Ако е тоа случај требал да ја згазне десната лента и да остави простор да помине возилото зад него пред да продолжи со преспорото возење. Вакви возила како Сеиченто/Матиз/Спарк/Југо (и слични или постари од 20 години) во најголем случај се влечкаат на патот и предизвикуваат несреќи заради нивната ароганција и не потргнување од патот. Премногу чест пример е ова за да може да го исфрлиме од можностите.

А зошто сите да не возиме школски како што не учеа во автошкола и по знаци м?
Кога беа тие коли верувам дека биле многу поретки сообраќајките, а сега кога се пушти увозот изнакупија многу „моќни“ коли (од Фичо/Југо на Мерцедес Е класа, Голф 4 и сл.) и секојден сме сведоци на вакви немили настани.

Јас на тој пат си возам 80, знаеш колкава колона се прави позади мене и чекаат погоден момент да ме поминат?
Зошто кога е толку дозволено, колку треба да возам таму 120?

Сите да возиме по знаци ќе се намалат сообраќајките, ама тоа е.


Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
А зошто сите да не возиме школски како што не учеа во автошкола и по знаци м?
Кога беа тие коли верувам дека биле многу поретки сообраќајките, а сега кога се пушти увозот изнакупија многу „моќни“ коли (од Фичо/Југо на Мерцедес Е класа, Голф 4 и сл.) и секојден сме сведоци на вакви немили настани.

Јас на тој пат си возам 80, знаеш колкава колона се прави позади мене и чекаат погоден момент да ме поминат?
Зошто кога е толку дозволено, колку треба да возам таму 120?

Сите да возиме по знаци ќе се намалат сообраќајките, ама тоа е.

многу точно ама кој да разбере

Арогантноста е непропуштање на возила, а не возење споро.

не е должен да пропушти никого ако вози колку што е дозволено

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9162
а како се пропушта на тој пат каде што нема каде да се тргнеш освен ако нема паркинг или кај Белов ресторанот да застанеш?

проблемот е што сите сакаат побрзо зошто ако стигне на граница 5 минути пред мене  многу ке постигне

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
Ако мислиш дека си сообраќајна полиција, да. Во спротивно немаш право да попречуваш други луѓе во сообраќајот. Односно ако има повеќе од 3 коли позади тебе, значи дека правиш колона и дека пречиш на нормалното одвивање на сообраќајот. И треба да ги пропуштиш истите.
Односно:


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9162
Дени, фала на инфо ама кај нас се прави колона кога некој како човеков со сеиченто вози по знацаи ама нели сите ние сме тука сигурни дека знаците се грешни и дека таму се вози и 120 без гајле и ете колона.

Ако за тебе и ова е случај кога треба да се осеќа некој виновен што создава колона, кој иако вози по пропишана брзина епа немам што да ти одговорам

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
Јас секогаш се тргам длабоко десно кога некој позади мене се наближува. Си ги следам правилата и законот. И не се осеќам виновен што возам 80кмч, зошто не блокирам возила. Ако некој блокира нека си се осеќа виновен. Ама не се осеќаат виновни, зошто тогаш имаат „контрола“ врз други „потчинети“ кои се зад нив и се осеќаат надмоќно. Се надевам некој ден пратња ќе пројде од позади за да ги опамети арогантните шерифски нетргачи во сообраќајот.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2653


Според мене, бројките се ниски, но така се ставени заради несовесноста на луѓето. Да си возеа по значи сите, и знаците ќе беа "нормални".
Се сеќавате кога мах. брзина во град беше 60? Но никој не возеше толку, туку газеа луѓе со 100ка, на ви сега мах. 50. Ќе возат пак брзо? Ќе им опнам 30 знак и полиција на секој метар. Казни, - одзимање на возило, и по 30 пендраци. Инаку како ќе ја воспиташ стоката. Мора да игра стапот.

Отсутен mk2b

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 241
немаш право да попречуваш други луѓе во сообраќајот. Односно ако има повеќе од 3 коли позади тебе, значи дека правиш колона и дека пречиш на нормалното одвивање на сообраќајот. И треба да ги пропуштиш истите.

исто така немаш право на некој да му наметнуваш да вози над дозволеното

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
Таман работа да му наметнуваш такви работи на некого, секако дека не смее. Затоа го пропушташ и си возиш колку сакаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34201
  • Таков е животот... јебига
Јас секогаш се тргам длабоко десно кога некој позади мене се наближува. Си ги следам правилата и законот. И не се осеќам виновен што возам 80кмч, зошто не блокирам возила. Ако некој блокира нека си се осеќа виновен. Ама не се осеќаат виновни, зошто тогаш имаат „контрола“ врз други „потчинети“ кои се зад нив и се осеќаат надмоќно. Се надевам некој ден пратња ќе пројде од позади за да ги опамети арогантните шерифски нетргачи во сообраќајот.
Над 80 е дозволено само на автопат. А на автопат не можеш да блокираш ако некој сака да те претекне дури и ако сакаш. Така да муабетов ти вреди како ланскиот снег. Тоа штп го цитираш од законот се однесува на специјални и товарни возила кои возат споро. Споро е 30 на саат а не 80.

Sent from my Redmi 3 Pro using Tapatalk


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55063
  • Махер
Колона е колона од три возила.

Среќа од следна година ќе се пушти изгледа автопатот па нема да има колони од 10км заради ваквите блокирања за кои зборуваме тука и во законот.