Заборавив да ја пишам дешавкава..
Пред 2-3 дена, возам по Партизанска кон Центар во лева лента. Пред мене вози Пежо 407. Одеднаш, меѓу два пешачки, тој со Пежото почнува нагло да кочи, позади него нагло закочив јас.
Излегува човеков од кола и се дере. Урла. Си викам кујзнае што се деси. Заобиколив полека, спремен да застанам да помогнам ако нешто сериозно се десило.
Дете претрчувало преку Партизанска, преку жардињерите. Додека трчал преку жардињерата, изгледа се сопнал и падна директ на лева лента на партизанска, човеков му закочи на метар пред глава. Кога сконтав што се случило, мене ми се пресекоа нозе, не па на човекот во Пежото.