Мене ми се случи нешто слично во Германија. Возам во најлева лента 140-150, овој пред мене се закочи нагло заради гужва, јас кочам нагло, во меѓувреме пуштам 4 жмигавци, ама овој зад мене абер нема од кочење ми дојде на пола метар од браник. Лево браници и банкина, десно зафатено со коли. И ем кочам, ем отпуштам кочница за да не удрам напред, да не ме залепат од позади.
Најчесто возат преморени и ненаспиени гастарбајтерите, па се случуваат вакви неубави работи. Инаку мене лично ми е чудно некој што возел во Германија, да не прати ретровизори. Преморот си го прави своето.
Од друга страна автобус во Србија повеќе од 90-100 и не може да вози, плус шоферот има колку толку висока позиција во кабината, од подалеку може да види што се случува и да намали.
Автопат е, во секој момент има прегледност од 500+ метри што се случува.