http://www.carthrottle.com/post/watch-a-honda-s2000-wipe-out-a-red-lightrunning-minivan/Ми се има случено и мене истово... Со таа разлика што ја видов колата од далеку и превентивно закочив, и воила, дечкото прелета на црвено.
Исто имам видено многу видеа вакви по интернетов, најголем дел од нив беа возачи што бркале зелено/жуто светло, па семафорот ги затворил, и удирале коли кои регуларно поминувале на зелено.
А добар дел од тие возачи што регуларно поминуваа на нивно зелено беа возачи со јаки и брзи коли, кои мора по секоја цена да испаднат најнапред од сите кога ќе се упали нивното зелено светло, пошо се фраери. А притоа не гледаат лево-десно дали некој ќе прелета пред нив.
Иако законски не се криви, сепак, се криви. Затоа што не фрлиле брз поглед лево-десно на раскрсница пред да тргнат.
Наравоучение: Фрлете барем еден брз поглед лево-десно пред да тргнете на семафор. Без разлика кое доба од денот. Еден ден сигурно ќе ви се исплати тој брз поглед... Вакви дешавки најчесто се случуваат касно навечер, кога пијаниците се возикаат...
