Дојди во Кисела Вода, излези од дома во периодот од 7:15 до 8 часот наутро, па ке видиш што се случува. Колона долга 1.5 км имаш.
Второ, автобус од последна 24 во Кисела Вода до центар иде за 15 минути. До Лептокарија му требаат 30 минути. Иди провери, вози се, речиси 2 години, 4 дена во неделата се возев со автобус од Кисела Вода до Карпош, на памет научив во колку саат на која автобуска пристигнува.
А еве да ти кажам до факултет и назад како ми е. Излегувам од дома, 5 минути до автобуска, 10 минути чекам, 10 минути со бус до центар, 20 минути од центар до факултет.
Потоа од факултет до центар 20 минути, 10 минути чекам, 10 минути со бус до Кисела вода, 5 минути до дома.
Се на се 90 минути.
Цена на чинење 70 или 60 денари.
Со кола, 10-15 минути до факултет, се на се 30 минути. 1 час сум добил. Цена на чинење плин + паркинг 70-80 денари.
Фала многу.