Проблем се и несинхронизираните семафори. Од еден до друг треба да возиш 40 за да ти се отвори, па нареден да возиш брзо за да го стигнеш.
Конкретно викендов два дена по ред навечер се вракав од Ситимол. Стојам на семафорите на раскрсницата со Партизанска и 8-ми Септември. Наредниот семафор на Партизанска е пешачки, се пали зелено, а ние стоиме. Тек после 20 секунди се отвора за нас зелено, и само што се отвора за нас, во далечина гледам дека и семафорот на раскрсницата со Партизанска и Рузвелтова се пали зелено и иди стигни го и со 60, и со 90 км/ч ? Треба убаво да натепаш гас, преку 100-120 да возиш за да поминеш на зелено. А во мегувреме на пешачкиов на Партизанска затоа што се отворил порано, ке поминат само 5 коли од тие што стоевме, наместо 20+ да речеме.
Треба да има пред се убава проточност на сообракајот, и 40 да е ограничување, ако направат ти цело време со 40 да ја поминуваш Партизанска, се проага брзо, а не да возиш 60, па намалуваш на 30 за да следниот семафор се отвори зелено, а да не застанеш.