Синоќа околу 21, на автопатот Гостивар-Тетово ми испадна задното лево тркало на службеното говно „Махиндра“, комплет со се полуосовина. За среќа, ја исконтролирав ситуацијата и се се заврши во најдобар ред. Бевме 5 души унутра.
Уште сабајлето (кога бев совозач) колата ми беше сумњива пошто испушташе некое гадно звукче, а и подзамирисуваше кога стоевме на патарини, па на враќање го замолив колегата да возам јас - сакав по полека да возиме со сомнителното возило. Така да, среќа што возев некаде 60-70, па успеав да ја исконтролирам колата и се се заврши во надобар ред. Пожарчето одоздола го изгасивме, а испаднатото тркало лесно го надовме во темницата стотина метри понатаќе: полуосовината беше усвитена и светеше во мракот! Среќа, бидејќи таму летаат идиоти дебело над ограничувањето, па можеше лесно да го собере некој тркалото и да си ибе мајката.
Така е тоа кога се штеди на одржување и наместо претходно оштетените делови да се сменат - се прават разани импровизации по принципот „ај бе шибај ќе тера вака ништо не му е, ти знаеш ли колку е нова полуосовина“.