Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3419590 пати)

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Нај трагично е што никој нема со прст да мрдне и да проба да направи нешто за да не се повтори истото

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16756
  • Keep it 100
Зошто би возел во обратна насока? Алаху акбар?

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
А џандарчињата ќе стојат пред алкалоид и ќе те мерат со 62 km/h. Што е битно народ што вози во спротивна насока на непрегледен еднонасочен пат..

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
А џандарчињата ќе стојат пред алкалоид и ќе те мерат со 62 km/h. Што е битно народ што вози во спротивна насока на непрегледен еднонасочен пат..
Морее... мамето нивно таму... Ама ги научив веќе

Отсутен Влатко К.

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 446
Вечерва, околу 23ч., едночудо коли си застануваат на семафор пред Алкалоид. Се наоѓа еден од „паметните“ возачи (Голф 3ка цврен ќе да беше) и прелетува на црвено. Можам да замислам колку го „израдуваа“ дечките во Јети скриено позади сендвичарниците. Го запреа веднаш....
Сега ловат потскриени,од заседа, а и го ставаат радарот на хауба вперен кон насоката од која доаѓаш, па не ни гледаш полицаец да вперува радар кон тебе додека се приближуваш.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Вака треба дење - ноќе се до Нова Година па да се смири народов малку пошто реално сите аздисаа многу. Да не ме сфатите погрешно и јас не сум светец во сообраќајот но на црвено и пијан не седнувам позади волан. А за брзо, си возам брзо но на отворено.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
За пијан и затвор би вовел.. Секогаш кога сум со кола не пијам... Или максимум 1 пијачка...

Задниве месец дена само за сообраќајки читам. Свесно се донесе кршот од европа па сега почна да откажува. Мислат југо е па ако не смени гуми или не го одржава како што треба не е многу страшно.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
Колку и да бил глуп косоварот, а веројатно бил премногу глуп, неписмен, ретардиран, однесен и сл. епитети неможел а да не забележал дека повеќе од 3 километри возел во спротивна насока. Во наредните 3 километри после сообраќајката нема никакви паркинзи, споредни патчиња и слично. Значи дека намерно е возено во спротивна насока. Ова е мое размислување и гледање на работите.
... а у принцип не гледам една причина зошто гледањето не би ти било точно.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Вака треба дење - ноќе се до Нова Година па да се смири народов малку пошто реално сите аздисаа многу. Да не ме сфатите погрешно и јас не сум светец во сообраќајот но на црвено и пијан не седнувам позади волан. А за брзо, си возам брзо но на отворено.

Мислам дека последниве година дена сообраќајот го достигна врвот, екстремно лошо се вози и без никакво почитување на закони, правила и здрав разум. Ептен сум за ова со полицијава, па макар и на секој километар да ги има. Секој ден кога си одам до бакалница, ја преминувам Џон Кенеди и луѓе, за тие 20-30 сек што ми треба да ја поминам се дешаваат најмалку 12 прекршоци од 8 коли. Јас гарантирам дека ако застанат 5 полициски возила долж ЏК за 24 часа ке се наполни буџетот за да се покријат оние 300+ милиони што се предвидени во 2015 за изградба на сообраќајна инфраструктура.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
ако застанат да запираат и да пишуваат казни на џон кенеди, многу е можно суфицитот на полицајци да стане дефицит...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34294
  • Таков е животот... јебига
И уште 70 корњачи на Јаја Паша и има да изградиме уште поголем hadron collider од оној на CERN.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2810
Ете ти, одма со предрасуди :D Тоа беше чисто хипотетичко размислување и идеја

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Глупости со муабетиве. Не ги правете до толку виша сила.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
ако застанат да запираат и да пишуваат казни на џон кенеди, многу е можно суфицитот на полицајци да стане дефицит...

Па преку попреку да ти кажам... кој сака нека е, ако прави грешка треба да си сноси последици.. кои се па тие, правеќи грешки во серии да не бидат казнети ? Ќе го пука со калаш одма ??? Така де... ај се бесплатно нека им биде, пошо нели ќе го пукаат со калаш они -.-

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Глупости, како што редовно се казнуваше кај лептокарија (и сега се брка и казнува таму) ако застанеш, така треба и кај Јаја паша. Тогаш партизанска си ги поврати трите ленти, кои полека стануваа една лента кај лептокарија.
Сите гужви се од претрчување, идиотско паркирање и отпаркирање и слично. Таму мора константно да се казнува за паркирање на улица и соодветни прекршоци. И рузвелтова беше исто со една блокирана лента од паркирани возила и не беше возлива. Го решија проблемот за една недела. И после чинело ваму, епа чини, има ред. Воведи ред и на друго место и таму ќе чини.