Коа идев накај Лефкада, македонски автобус ја имаше собрано сигнализацијата пред тунелите. Имаше удрено еден семафор и уште нешто не успеав да заприметам, парче му беше предниот дел и не знам како и задната шофешајбна му беше сол направена. Многу лош момент беше што налетав многу брзо по сообраќајката, уште луѓе искачаа од автобусот, а парчињата од стакло и секакви други остатоци беа паднати на самиот влез на тунелот каде што видливоста ти е најмала поради разликата во светлината. Среќа сите 4ри гуми ми останаа читави и среќа што поднамалив пред да влезам во тунелот па можев на време да реагирам. За жал, имаше повредени на кои што им влегло стакло во очите, па застанав да се понудиме да пренесеме некој до најблиска болница и да им кажам да стават триаголник пред тунелот или да искочи некој да сигнализира пошто не се баш видливи за колите што влагаат во тунелот. Не знам точно како се случила несреќата, ама слушнав муабет меѓу патниците дека шоферот заспал.