Член 35
(1) Возачот кој е со намера да се движи со возилото наназад, може да го
изврши тоа дејствие само на краток дел од патот и ако со тоа не го
загрозува или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.
(2) Кога возачот се движи со возилото наназад, е должен да се движи по
онаа страна од коловозот по која се движел дотогаш со возењето
нанапред.
(3) Возачот не смее со движењето на возилото наназад да влегува во
крстосница, да преминува патен премин преку железничка пруга во ниво,
ниту да вози на преслапи, кривини и други места, ако прегледноста е
недоволна.
(4) Глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 10 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува
спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член.
(5) Глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече, односно ќе му се регистрираат 25 негативни
бода согласно со одредбите на овој закон, на возачот кој постапува
спротивно на одредбата од ставовот (3) на овој член.
Значи смее во двосмерна (па би требало да важи и за едносмерна) ...
А не смее на автопат-
Член 135
(3) На автопат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила
возачот не смее да врши полукружно свртување со возилото од една
насока на сообраќајот во спротивната насока, ниту движење со возилото
наназад.
И несмее во тунел-
Член 141
(1) Возачот кој се движи со возило низ тунел не смее да го запира возилото во тунелот,
ниту смее со возилото да врши полукружно свртување или движење наназад.
Разјаснето