Некој ја спомна Англија... Ако некогаш сакате да купите половна кола таму и побарате да ја пробате колата, сопственикот ќе побара да му го покажете осигурувањето. Од телефон пишувам па не можам да барам линкови, кој не го мрзи нека провери, ама осигурувањето за млади возачи кога станува збор за брзи возила е огромно, дури и за нивни стандарди. А тоа дека во нормална држава доколку родител го дал возилото и детето предизвикало несреќа двајцата, а во најмала рака родителот, завршуваат во затвор е за некоја друга прилика.