Изгледа ќе мора бајааги поригорозни мерки да превзема МВР. Не ја бива вака работата настрадаа сосема недолжни девојчиња заради несовесно возење.
Жал ми е што и за шоферот што ќе го гонат и кривично сега, а сигурно ни он не сакал ова да се случи.
Замислете си само дека ова можеше да ни се случи на било кој од нас или нашите блиски. Да бидеме или од едната или од другата страна.
Дефинитивно мора некоја кампања да се спроведе за посовесно возење. Мислам дека и ние од форумов можеме да вложиме труд и време за подигање на свеста на возачите. Јас сум за.