Во сообраќајната несреќа која се случи синоќа на автопатот Куманово – Скопје, на враќање од Куманово, каде што се играше хуманитарен натпревар, животот го загуби спортскиот директор на репрезентацијата на Македонија Петар Милошевски. Во автомобилот беше и претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиески, кој се здоби со телесни повреди.
Сообраќајката се случила кога мини комбе марка управувано од 63-годишниот Ж.Б. од кумановско Милотино, директно се судрило со автобомил марка „Пежо“ во сопственост на ФФМ кое било управувано од страна на Илчо Ѓорѓиоски.
Во сообраќајката на лице место загинал Петар Милошевски, додека Илчо Ѓорѓиоски се здобил со полесни повреди. За тешката сообраќајка говори и фактот што повредените биле тешко извлечени од автомобилот.
Заедно со Милошевски и Ѓорѓиоски, во автомобилот се наоѓале уште две лица, а неофицијално се работи за Зоран Зафиров од ФФМ и Рахила Илиева. Тие двајца заедно со возачот на мини комбето Ж.Б. се здобиле со тешки повреди и се пренесени на Клинички, но според информациите се надвор од животна опасност.
http://taratur.com/vo-soobrakjajna-nesrekja-zagina-fudbalerot-petar-miloshevski/