Денес поминав 520км со Полото на релација Скопје-Струмица-Приштина-Скопје.
Потрошив 33л супер 95 или цирка 6,3л на 100 со пуштена клима. Ама ми се случи една јебачина.
Таман се релаксирав дека сум завршил успешна работа на брдото на излез од приштина ми се случи ова:

Се уклучи сијаличката за издувот и моторот изгасна. На верглање тешко запали и моторот тотално изгуби сила и едвај работеше. Достигнуваше максимум 3800-4000 вртежи и никако не примаше гас. Брзината на сликате е максимумот што можеше да се добие со стисната педала до крај. 3-та, 4-та брзина некако стигнав во Скопје после 3 часа. Утре ќе оди на сервис, втор пат за два месеца. Имам некое чувство дека Порше нема да завршат работа а во Четврток треба пак да одам за Приштина.