Е како можи така, да ти се плукнам во законите. Кој закон го прекрши брат ти па тој да е крив ? Си врти најисправно на место кај што е обележано за вртење, со даден жмигавец и се по пропис... а тој коњот што претицва на полна линија, што воопшто не смеј да биди во лентата од спротивна насока па уште и колона незнам од кај излезе тој во право, по кој закон ?
е па може бе друже.... иако ми е брат, не го бранам.. крив е... ете дарт убава компарација даде... ако идеш пеш и ти текне да свртиш негде, а таму има човек... ке го почекаш да помине или ке го заобиколиш? или може ке се лупнеш у него, ке го избуткаш и ке си продолжиш?
во законот стои еден параф дека тој што има намера да се престрои, заврти или да смени правец на движење, ДОЛЖЕН е прво тоа да го наговести со давање на сингализација т.е. трепкач, па потоа да се увери дека таквото движење нема да го попречи движењето на другите возила... а брат ми не се уверил... а за тоа постојат ретровизорите и странични-надворешни и внатрешен (ако го има тој)
тој дел од законот не е како што треба за ваквата ситуација... јас по моја логика би рекол дека тој што престигнувал на полна линија треба да јаде за се комплет затоа што тој не смеел да биде таму и крај на приказната... е арно ама не е така...
се секавам порано дека ако се деси сообраќајка со нерегистрирано возило или возачот бил пијан.... више не е битно кој од каде возел, колку возел, дали прошол или не не црвено... ТОЈ НЕ ТРЕБА ДА БИДЕ ТУКА (пијан или не регистриран)... е сега не е така... за нерегистриран ке си добие казна зашто управувал не ресгистрирано возило (или као е пијан за тоа што возел под дејство на алкохол) а ти ако си крив во сообраќајката ке му платиш на него оштета за возилото... он ке пројде со 2-300 евра а ти со 2-3.000 евра ако не и поише...
мојата чудесна земја македонија...