ТРОГАТЕЛНО - МАТИЈА ЈА ПОГЛЕДНА МАЈКА СИ И УМРЕ
Единаесет годишниот Матија Шушнјевиќ од Белград завчера почина во сообраќајна несреќа на патот Неготино - Демир Капија откако, автомобилот со кој со семејството патувале излета од патот и се преврте, најверојатно поради тоа што неговиот татко, поради замор, заспал на воланот.
Очевидци на несреќата велат дека родителите на Матија, Сашо и Гордана се извлекле од автомобилот. Од силината на ударот, задниот дел на кровот се деформирал и го притиснал момчето.
Според очевидците, мајката се приближила кон синот и го фатила за рака...Тој само ја погледнал, и издишал за последен пат. Глетката беше многу трагична, велат очевидците.
Пријателите и роднините на семејството велат дека Матија бил дете за пример, најдобар кошаркар во својата генерација во КК Рас, а дека семејството моментално се наоѓа во неверојатно тешка состојба, откако среќни тргнаа на одмор, а по само два дена се вратија завиени во црно.
http://grid.mk/read/news/505419771/3844023/trogatelno-matija-ja-pogledna-majka-si-i-umre-detali-za-smrtta-na-momcheto-od-srbija-koe-pochina-vo-soobrakjajkata-kaj-negotino