Пред одмори малку, да не аздисувате. „Не возиш сам, што ако се случи нешто на некој твој сопатник, а тебе ништо? Ќе си простиш некогаш?“
Дени братче, ти ли беше тој што ме убедуваше пред некое време дека било глупост тоа што патиштата кај нас се ограничени на 60, 80 и 100км/ч, во темата каде зборувавме кое возило било „по безбедно“?
Да јас бев. И уште сум.

Oва беше инспирирано од детето што починало, за да не продужат уште 57 поста со „бог да го прости“ и слично. Ако до толку те интересира, говорев за условите на патот кои дозволуваат поголеми брзини од пропишаните. ДА ЈАС БЕВ. И УШТЕ СУМ ТОЈ. И сеуште тврдам дека на автопат сите без исклучок возат НАД максималната дозлволена брзина. Затоа што е безвезна и нереална.
А како што виде во сите погорни видеа брзината не е единствениот фактор. Небезбедни коли. Мали коли. Мали небезбедни коли. Носење појас. Пиење. Пишување пораки. Зборување на мобилен. Церекање ко деген... Овие работи ги заборави?
Или само сакаш да го тупиш дека треба да се вози 100ка на Скопје-Тетово? Што е проблемот? Не ми е јасно, навистина. Јас, ти, Јонче, Благој, Трајче СЕ ГАДИМЕ од појавата на знакот 80 на автопат кај Велес, каде што се вози два пати побрзо од дозволеното (160), исто како и во останатите автопати кои пружаат услови за брзини ДО 160кмч.
Во рамките на мојата уличка е дозволено 60кмч. Во рамките на најзабутаните улички во СК е дозвлоено 60кмч. Дали ти возиш 60кмч? Не, зошто се мали и тесни. Е сега И НА словенија е дозволено 60кмч. Дали таму некој вози 60кмч? Не, зошто е широко и прегледно. Не велам дека треба да се вози 407кмч, туку барем 70, евентуално 80. Зошто? Зошто тоа е НОРМАЛНО, зошто ќе си темпираш со семафори, и ќе ги фатиш повеќето... Зошто нема да умреш од досада возејќи 59 ипол.
Треба да си ненормален ако сметаш дека е нормално по кривините на планиниве да е дозволено 80 и на Велес да е 80.
Треба да си ненормален ако сметаш дека е нормално по забутанине уличиња да е дозволено 60, и на Словенија 60.
И многу други примери.
П.С. Тазе пример, има знак 30 на гологанов пред Влае. Ако 1 (со букви еден) човек има таму поминато со 30 или помалку кмч, ќе ти купам сникерс.