Многу сум изнервиран ради случката што се деси пред неколку часа.
Си седев на тераса и слушам некој звук на лупање (повеќе пати) и на крај шкрипење на гуми, гледам комшииве почнаа да истрчуваат од дворови и тргнав и јас, кога гледам колата искршена бега по мојата улица!
Баткава уствари, незнам дали пијан или издрогиран си ја украл колава од еден двор и собрал 5-6 стубови (метални Ф100 наполнети со бетон) покрај патот и свртел по мојава улица за да избега (со голема брзина). Кога одев накај местото на злосторот, гледам по улица цело уље му истекло (го скршил картерот и цела предница, ама и таблицата му останала кај што ги собрал стубовите -доказ). Еден саат пред тоа да се случи, по истата улица си играа две златни девојчиња, а исто и јас внуката знам да ја прошетам натаму.. НЕДАЈ БОЖЕ да им се случеше нешто на горенаведените, ќе се погрижев лично да се покае што воопшто дошол на овој свет и што фатил да пие и да вози! После го донесоа копилето пред џандариве (бидејќи колата зарибала и морал да ја остави, а воедно и газдата на колата дојде и го пронајдоа) и го гледам се смее и врти телефони, тотално ми го уништи денов и незнам како можат да издржат џандариве а да не му ја пукнат фацата смрдена која можеше да усмрти многу луѓе (за малку една комшика ќе ја утепал додека одела по тротоар). Веројатно за ништо нема да одговара и ќе се заташка случајов кој можеше да биде со многу лош исход.