@cuoresportivo166:
Бидејќи си во професијата, знам дека малку субјективно гледаш на работите. Јас на работите гледам вака.
- Ако човек умира на скали во болница, треба некој да му помогне. Без разлика дали во чекалната има 10, 20 или 50 луѓе, докторот треба да му помогне. Прво заради тоа што е доктор, второ заради тоа што е човечно да му помогне. Тие што чекале во чекална пола саат, саат или два, ќе почекаат уште бидејќи човек умира на скали пред болница. Не гледам што е тука нејасно?
- Докторот ако сака нека се справува со 15 пациенти. Тие пациенти ќе почекаат (пошто се кај матичен лекар, 99% не е живот или смрт ситуацијата) бидејќи, повторно нагласувам, човек умира на скали пред болница.
- Без разлика на било каков глупав закон, докторот е должен да помогне, бидејќи прво дал Хипократова заклетва, а второ - ЧОВЕК УМИРА НА СКАЛИ ПРЕД БОЛНИЦА!
Или случката пред неколку години кога некој човек од некое Гостиварско село се онесвестил. Неговиот син се јавил во брза помош, и му рекле „многу си далеку, не можеме да дојдеме“. Човекот умрел, и никому ништо. Никој не одговараше за работа која можеше да биде спречена. Истата работа е и со ова пред градска - човеков лежи на мокра улица, колку што можам да распознаам со смкнати панталони, на 20 метри од болница, а они не му помагаат пошто немаат налог? Ма немој да ме јебеш бре. Заеби налози, заеби закони, правиме муабет за човечност.
Јас се слагам дека има огромен недостаток на кадар. Апсолутно се слагам и те поддржувам и тебе и сите доктори во тоа. Треба бројот на доктори и медицински персонал да се зголеми дупло, за да може работите приближно нормално да функционираат. Ама и докторите се однесуваат толку арогантно, тоа е нешто неверојатно.. Пак ќе речам, ти ги гледаш работите од една страна, како човек во таа професија, јас ги гледам работите од друга страна, како пациент.