На раскрсницата кај ФОН убаво онадени ганц нова мечка ц класа со бугарски таблици и голф четворка со битолски таблици. Отворени ербези, разлетани делови низ целата раскрсница, а по асфалтот разни моторни течности.
По моја одокативна процена, Голфот се приклучувал од „Индустриска“ на булевар „Киро Глигоров“ со одземање на предност на Мечката (често го има тој „шо те ебам“ момент на таа раскрсница), а Мечката возела премногу брзо за да може навреме да изреагира на ненадејното неправилно вклучување на Голфот.