Денес ми се случи интересна дешавка со Голфот, односно со воланот...
На подзатворена кривина во десно нагазив на вир вода(не го видов навремено) со некаде околу 80 km/h, и ми пролизга, пролебди десната страна од колата која нагази на водата...
Ми светна некое сијаличе на шалт таблата, не видов кое(ESP претпоставувам), зошто се се одигра брзо, но, кога веќе бев врз водата, колата минимално ми тргна десно заради водата, и дур светеше сијаличето, воланот ми стана крут, и не можев да вртам контра во лево...