Ало, на шпански ли треба да пишувам?
Порано, на постарите коли, ербегот ВО ВОЛАНОТ (како и сите други ербези) се активираат без оглед на тоа дали возачот носи појас или не.
Арно ама, праксата покажала дека при банални судари со брзина на судар од 10-20 на саат (какви што се најчестите, oсобено низ град) ако возачот не е врзан - ербегот прави повеќе штета отколку корист. Затоа, поновите системи не го активираат ербегот ВО ВОЛАНОТ доколку возачот не е врзан (дали е врзан или не осеќа сензорот во копчето кај што се копча каишот).
Другите ербези ако ги има (странични) ќе се активираат, но оној во воланот
не. Оттаму и натписот SRS (Secondary Restraint System) кој треба да ни укаже на тоа дека ербезите кои се активираат при фронтален судар (возач и совозач) се секундарни системи, замислени да функционираат *исклучиво* во тандем со примарниoт систем - каиши со пиротехнички затегнувач.
Во двете последни мои последни аута (2003 и 2010) тоа е експлицитно наведено во упатството. Нисанот има прилично сложен „ако-тогаш“ систем кои прави комплицирани „математики“ за тоа кога и дали ќе се отвори ербегот у воланот или не. Гледа децелерација по повеќе оски тие податоци ги корелира... триста чуда.
Во колата на Младенов претпоставувам дека се отвориле сите ербези (странични и кај ногите), освен тој у воланот. И смрт. Погинал затоа што не бил врзан. Многу просто.
Така да не паламудите многу-многу, не си играјте со главата и врзувајте се СЕКОГАШ.
http://www.team-integra.net/forum/11-generation-three/116383-does-seatbelt-sensor-affect-airbags.html„air bag win not deploy if seat belt isn't buckled
in earlier models with airbags... airbag will deploy regadless“
кога зборете дека каишот бил врзан дали заборавате на техниките за врзан каиш?
еxactly... или она идиотсконо каиш под мишка.
Ако ударот е доволно силен немора он да удри во воланот, воланот може да удри во него, без разлика дали се уклучило или не перничето.
глупости на квадрат