Ај да искоментирам јас нешто на последнава вест..
Татко му ми е прв братучед, дечкото што погина ми беше мн близок..Прошлата недела ја поминав со неговото семејство..
Требаше викендот да се видиме, али не дочекав да стигнам до таму, пошто моментално живеам на другата страна од Швајцарија..али на крај отидов ради друга причина 
Да, Прва причина е брзината, нормално.
И се изначитав деновиве коментари како сите го критикуваат татко му, што моментално он и останатите се осечаат без воља да продолжат со нивниот живот..
Искрено, татко му е многу успешен човек, почна човекот да работи пред 20тина години, замина гол а создаде многу. Моментално поседува многу успешна градежна фирма у Базел која функционира нон-стоп.
Син му (покојниот) работеше заедно со него и меѓувреме се бавташе со препродажби и слични работи од кои вадеше големи пари. Малиот на 18 години купи Субару Импреза (нова) со свои пари која што му ја удрија лошо и со пари од остатокот од колата и осигурање, а и нормално со мала помош од татко му и со помош на својата работа го купи ова чудовиште со кое и замина од овој свет..
Значи татко му, имајќи капитал и средства му помогна да го исполни сонот на син му, што и секој од вас овде да има средства и капитал би го направил истото. Сите знаат дека исполнување ќејф на дете е најголемо задоволство. Може не сум у право, може и татко му е крив што му дозволил да купи таква кола, се деси трагедија која што со ништо не може да се поврати сега..
Јас би рекол дека Швајцарија, као богата земја и во која секоја втора кола е со над 3000 кубика, каде што од голфови само ГТИ и Р32 гледам, треба да се позанимава со европски закони како забрана за возење на моќни коли на почетници и бла бла..Али пак, тоа не значи дека немаше да седне во таква кола во иднина, што може на секого да му се случи доколку возите таква кола..на тоа возило му треба само неколку секунди да постигне од 100 па до 200, што таа брзина е ништо во споредба што тоа возило може да постигне..
Не знам што да речам понатаму...само мн глупо јас се осеќам кога ќе прочитам дека се коментира дека татко му го убил, дека татко му му ја подарил смртта и слични мислења..лично ја знам ситуацијата и секој кој би имал шанса да седне во таква кола, би седнал без размислување...сите од вас !!
добро сега... се читаш ли ти себеси која контрадикторност ја кажуваш? значи си терал малиот бизнис, си купил субару И МНОГУ НЕЗГОДНО ГО УДРИЛ.... значи више направил сообраќајка една со бесна кола и бесно возење. (сега ке одговориш дека не бил крив туку го удриле) и понатака велиш дека татко му не е крив... ок.. контрадикторност, тоа сакам да кажам, а очигледно многу луге го испуштија овој момент дека многу брзо пред оваа дешавка малиот веке имал слична дешавка... јас на мое дете ке му дадам кејфои колку сака, ама во рамките на нормалното. да направи сообраќајка со бесна кола и после да му додадам пари за да купи уште по бесна? мало сутра... ке размислам и тоа ДОБРО КЕ РАЗМИСЛАМ дали ке му дозволам да купи југо... ма нек биде и со негови пари...
едно ке речам, греота за детето, греота за млад живот да изгаси на ваков начин.. зад волан.. греота што млад живот воопшто морал да изгаси.. кој бил крив? еби му мајката, одпосле војната се сите генерали и сите знаат КАКО ТРЕБАЛО да биде, па така и овде сите ке речат дека некој бил крив... небитно е сега веке тоа...
ама и јас се согласувам со повеќето дека машина со 500+кс не е за дете од 19 години...
и уште нешто... од каде детето е македонец? ти велиш татко му отишол пред 20 години таму-швицарска (веројатно и мајка му)... а малиот има 19.. значи РОДЕН ШВИЦАРЕЦ, со македонско потекло, а не македонец... ова вака само колку за илустрација за некои други теми... не е за навреда на било кого...