Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3883622 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7791
Koлку родителите, толку и дечково... 
Повеќе дешавки се наслушав за дешавки со 1.4 коли, така да, 90% е до совеста на младичот кој вози...

И Иво со Лансерот ми изгледа млад, па не залепи никаде...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Иво е исклучокот што го потврдува правилото.

И да, беља се праи со било која кола. Ама со 500 коња, 19 години и хормони у небеса, шансите за беља се драстично зголемени.

Отсутен bu11yboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 812
Леле мамата му ја еба на нисанчето !!!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Постарите знаат. Кола над 100кс во ниеден можен случај не смее да падне во рацете на дете кое незнае да вози. Тоа си беше и правило порано. Се знае, кога ќе созрее ќе добие (можеби) кола.


Ако случајно синот од 18години има приходи да си купиу соодветно возило, тогаш исправно е да си го вози. Секако сега и ова е испомешано ама ај.


Овие (како и голем број родители) си го убиле детето и треба да лежат во затвор за убиство. Барем едниот родител. Па уште и на 16 ќе полагаат, за да може да се убиваат полесно.

Убаво направил искрено.


Се што беше морално се изгуби на светов. Си иба мамата. Сигурно пред ова „тато или мама“ средиле неколку казни за возење после 11 и за возење над 100кс кола... Стоката не ја научила лекцијата. Нека средат и погреб сега. Се надевам единец бил.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Цитат
Автомобилот со кој го направил сударот бил марка „нисан“,  а го добил на подарок од татко му.
Исто така заборавија да напишат дека од татко му добил подарок гробно место со најсовремена надгробна плоча!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен WorM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 618
Ај да искоментирам јас нешто на последнава вест..

Татко му ми е прв братучед, дечкото што погина ми беше мн близок..Прошлата недела ја поминав со неговото семејство..

Требаше викендот да се видиме, али не дочекав да стигнам до таму, пошто моментално живеам на другата страна од Швајцарија..али на крај отидов ради друга причина  :(
Да, Прва причина е брзината, нормално.

И се изначитав деновиве коментари како сите го критикуваат татко му, што моментално он и останатите се осечаат без воља да продолжат со нивниот живот..
Искрено, татко му е многу успешен човек, почна човекот да работи пред 20тина години, замина гол а создаде многу. Моментално поседува многу успешна градежна фирма у Базел која функционира нон-стоп.

Син му (покојниот) работеше заедно со него и меѓувреме се бавташе со препродажби и слични работи од кои вадеше големи пари. Малиот на 18 години купи Субару Импреза (нова) со свои пари која што му ја удрија лошо и со пари од остатокот од колата и осигурање, а и нормално со мала помош од татко му и со помош на својата работа го купи ова чудовиште со кое и замина од овој свет..

Значи татко му, имајќи капитал и средства му помогна да го исполни сонот на син му, што и секој од вас овде да има средства и капитал би го направил истото. Сите знаат дека исполнување ќејф на дете е најголемо задоволство. Може не сум у право, може и татко му е крив што му дозволил да купи таква кола, се деси трагедија која што со ништо не може да се поврати сега..

Јас би рекол дека Швајцарија, као богата земја и во која секоја втора кола е со над 3000 кубика, каде што од голфови само ГТИ и Р32 гледам, треба да се позанимава со европски закони како забрана за возење на моќни коли на почетници и бла бла..Али пак, тоа не значи дека немаше да седне во таква кола во иднина, што може на секого да му се случи доколку возите таква кола..на тоа возило му треба само неколку секунди да постигне од 100 па до 200, што таа брзина е ништо во споредба што тоа возило може да постигне..

Не знам што да речам понатаму...само мн глупо јас се осеќам кога ќе прочитам дека се коментира дека татко му го убил, дека татко му му ја подарил смртта и слични мислења..лично ја знам ситуацијата и секој кој би имал шанса да седне во таква кола, би седнал без размислување...сите од вас !!

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Во право си Ворм... секој го сака тоа :) Еве јас плачам за мотор, не бе нема шанси/ Ама сам ќе си купам кога ќе имам пари :D

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Постарите знаат. Кола над 100кс во ниеден можен случај не смее да падне во рацете на дете кое незнае да вози. Тоа си беше и правило порано. Се знае, кога ќе созрее ќе добие (можеби) кола.


Ако случајно синот од 18години има приходи да си купиу соодветно возило, тогаш исправно е да си го вози. Секако сега и ова е испомешано ама ај.


Овие (како и голем број родители) си го убиле детето и треба да лежат во затвор за убиство. Барем едниот родител. Па уште и на 16 ќе полагаат, за да може да се убиваат полесно.

Убаво направил искрено.


Се што беше морално се изгуби на светов. Си иба мамата. Сигурно пред ова „тато или мама“ средиле неколку казни за возење после 11 и за возење над 100кс кола... Стоката не ја научила лекцијата. Нека средат и погреб сега. Се надевам единец бил.

Престани веќе,сериозно,престани.Не си дете вакви муабети да праиш..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Исполни сонот!? Може да му го исполни сонот на соодветна возраст. На 18 сонот може да е само картинг. Или сладолед.

Не, многу луѓе НЕ би го направиле тоа што го направил наведениот.

Не, исполнување на кеиф НЕ е најголемо задоволство. Како што е јасно видливо сега.

Ако седне во иднина, со соодветно искуство, во истите услови со истата кола помали се шансите дека ќе го снема од овој свет.

Глупо или не, тоа е реалноста. Тоа што ти се блиски луѓетно, не им ги прават потезите најглупи на светов.


Резултатите од нивните активности се евидентни сега и тука. Нека им служи на чест фраеришањето на синот.

Постарите знаат. Кола над 100кс во ниеден можен случај не смее да падне во рацете на дете кое незнае да вози. Тоа си беше и правило порано. Се знае, кога ќе созрее ќе добие (можеби) кола.


Ако случајно синот од 18години има приходи да си купиу соодветно возило, тогаш исправно е да си го вози. Секако сега и ова е испомешано ама ај.


Овие (како и голем број родители) си го убиле детето и треба да лежат во затвор за убиство. Барем едниот родител. Па уште и на 16 ќе полагаат, за да може да се убиваат полесно.

Убаво направил искрено.


Се што беше морално се изгуби на светов. Си иба мамата. Сигурно пред ова „тато или мама“ средиле неколку казни за возење после 11 и за возење над 100кс кола... Стоката не ја научила лекцијата. Нека средат и погреб сега. Се надевам единец бил.

Престани веќе,сериозно,престани.Не си дете вакви муабети да праиш..
Пријави ако сакаш, не ми кажувај да престанам. Не си модератор. Посебно не јавно.

Во право си Ворм... секој го сака тоа :) Еве јас плачам за мотор, не бе нема шанси/ Ама сам ќе си купам кога ќе имам пари :D
Ако се паметни твоите, нема да го добиеш.

Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Јас ти викам да престанеш за твое добро,пошто може да се погоди некој прв братучед не толку смирен,па после ама несакав,ама ме сваќаш..
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Генерално, се слагам со Дени.

Значи, да почнеме од почеток - и да ги имам сите пари на светот, нема да му дозволам на мојот син да вози кола со 500 коња на негови 19 години.

Не нема да му купам, нема да му дозволам. Нека има сам пари да си купи, јас нема да му дозволам.

Зошто? Затоа што е дете. И не го кажувам тоа ради реда, него стварно е така. Делот на мозокот кој се занимава со „добро расудување“ се вика Prefrontal Cortex, и тој дел се развива се до 25-тата година. Извор.

Соодветно на тоа, да, родителите се криви. Нека има малиот пари колку сака, нема да вози кола со 500 коња на 19 години! АЛО!

Ретки се исклучоците кои знаат за само-контрола.

Мислам дека не е поентата на Дени кое е детето, и чив братучед е - и мој братучед да погине во слична ситуација, јас сум прв што ќе ги обвини неговите родители. На 18-19 години, детето (иако полнолетно) не е сеуште целосно одговорно и доволно свесно да расудува за своите акции. As simple as that.

Исполнување ќеф е убава работа. Исполнување ќеф да го пратам на некој остров на одмор, да се скрши од ебење, или да му купам некое мало количе за низ град? Нема проблем. Исполнување ќеф да му купам некој телефон, конзола за играње, итн? Нема проблем.

Исполнување ќеф за кола од 500 коња? Не.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Па треба и адвокати од нешто да живеат.

П.С. Истото го зборувам за мои познаници во таа ситуација. Нема исклучок.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
сепак,да не бил татко му немал да може да купи таква кола,кога сам ќе си го спотнеш гзот и ќе заработиш за ваква кола,тогаш и ќе можеш да ја возиш

нека почива во мир

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Не ја разбирате поентата.

И да може да ги заработи сам парите, не би требало на 19 години да вози кола со 500 коња.

Не е таткото крив што му дал пари - крив е што му дозволил.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55240
  • Махер
Најголема грешка што може да ја направи родител кон социјалниот и здравствениот живот на своето дете е да му даде вишок средства.