Многу пијан е опасно да возиш, но ако си малку фатен, под малку подразбирам не повеќе од 3-4 чашки ракија пример, тогаш зависно од човекот и од тоа како реагира, мислам дека може да вози, нормално има луѓе кој мислат дека се Шумахер, но има и такви кој стварно многу внимаваат и кој се свесни дека се пијани. Првите во никој случај не признаваат дека се пијани.
Е сега, јас мислам дека подеднакво опасно а ако не и поопасно е да возиш кога си расеан, или онаков кога си крајно збунет, едноставно кога не ти е денот. Тоа се моменти кога се прават повеќе глупости. Тоа го гледам и на работа, а и го имам осетено на своја кожа, три пати не чукнуваат а на два пати јас имам глупост направено, еднаш поминав на црвено, за да после тоа ми текне дека е црвено и еднаш не застанав на пешачки иако имаше луѓе кој се движеа по него (далеку беа ама јас го сметам за прекршок бидјќи секогаш им застанувам на пешаци).
Така да не треба да се осудува ако некој возел со две три пива во него, кога сите или скоро сите го правиме тоа.
Глупости се дешаваат од мал милион причини.