Цитроен саксо со 150 км/ч директно удрил во паркирано комби – еден загинат
Превртеното и уништено комбе сведочи за ужасот од тешката сообраќајна несреќа во скопската населба Ѓорче Петров. Загина 24 годишно момче, а уште две девојки и две момчиња се пренесени во Ургентниот центар.
Несреќата се случила околу 5 часот наутро. Очевидците за Канал 5 зборуваат дека цитроенот се движел со брзина поголема од 150 километри на час. Момчето, изгубило контрола над автомобилот и директно удрил во паркирано комби на тротоарот.
Од силината на ударот патниците кои се возеле во цитроенот излетале надвор, а удреното комби се превртело во соседниот двор. Момчето кое го управувал возилото починал на лице место. Соседите кои слушнале силен удар,истрчале да помогнат, сликата била страшн .
Луѓето во куќата каде е превртено комбето се уште во шок.
МВР утрово изврши увид, се уште не се познати причините зошто дошло до оваа тешка сообраќајна несреќа.
Од повредените едно девојче и момче се здржани во Ургентниот центар и се со тешки повреди, останатите имаат лесни телесни повреди по главата и телото и најверојатно ќе бидат пуштени во текот на денот на домашно лекување.
Мирјана Поповска