Рајан Дан загина во сообраќајна несреќа

Рајан Дан, ѕвездата на шоуто на Ем-Ти-Ви „Џекес“ загина во сообраќајна несреќа.
Полицијата потврди дека фатална несреќа се случила, но засега се уште нема никакви детали за неа.
Веста за медиумите ја потврди и мајката на колегата на Дан, Бам Маргер, Ејприл, која изјави и дека во несреќата загинало уште едно лице, чиј идентитет не е познат.
Засега не се знае кој го управувал автомобилот што се движел со брзина од околу 180 километри на час.
Дан се појави во три филма со тимот од „Џекес“, а со Ем-Ти-Ви соработуваше и на повеќе проекти. Една сезона го имаше сопственото шоу „Хоумврекер“.
Пред смртта, Дун на Твитер постави фотографија на која се гледа како пие со пријателите. Наскоро тој требаше да почне сопствено шоу на еден од американските телевизиски канали.