Првин, местото е екстремно лошо, секоја година гине по некој човек на истото, значи нема промашај...
Лошата работа е што е кривина надесно и приликом излизгување идеш директно во контра лента...
Уште малце и патот е нерамен, и комбинирано со замрзнат асфалт и неприлагодена брзина, имај какви сакаш гуми, возејки Фиеста си креирал услови за The Perfect Storm...
Едноставно нема шанси да се извадиш ако ти пролизга, колку сакаш искуство и зимски гуми и каиш носи, идеш директно во фронтален судир со возилото кое доаѓа од спротива, во нивниот случај, автобус...
Далибор лично го знаев, од на стрина ми братот, дете е... Биле живи и двајцата се до доаѓање на Брзата помош...
Бабини деветини се дека на местото имало турски гробишта, и ова е као причината за тоа... а не неприлагодената брзина според условите на патот најверојатно...