Многу лоша работа е животиња на пат. Можеби на прв поглед не изгледа страшно, ама и те како може да биде фатално.
колку што можев да видам,на првата кола му го наби кровот на предниот дел.
на вториот се гледа дека му го пукна стаклото...
Лани на автопатот Велес - Скопје, крава излетала на патот и некој ја лупнал. Пошто се проаѓаше со 2 на саат кај местото на несреќата, пошто полиција праеше увид и регулираше сообраќај, сите 4ица што бевме у кола ја видовме колата што удрила у кравата и сите исто искоментиравме, дека не е многу страшно. Скршен браник и фар, свиткана хауба, скршена шофершајбна и малку вдлабнат кров. Со оглед на тоа што удриле крава, не е голема штетата. Следниот ден на вести слушнав дека совозачот загинал. Затоа реков дека изгледа наивно, а може да биде фатално.