Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3888956 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
А зошто да застанеме на 16 години? Да полагаат на 11 години?

прашање е дали нивните психофизички способости се доволно развиени на 11 години за да можат одговорно да управуваат со тешки машини (како кола на пример).

Иначе, нема зијан да учи како се вози и од 6 години. Од учење нема никогаш никаков зијан.

Ја сум за дозвола од 16 со строго лимитирање на моќноста на колите кои смеат да ги возат и патиштата по кои смеат да возат. Посебен сет правила.

Да иде до продавница/школо и назад со матизот може. Да го цепа беемвето на татко му по автопат ноќе со другарите унутра - не може.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Еднаш го потенцирав во темата возачка на 16 години, сега пак, и тоа со болд домашното воспитание е клучно.Од дома треба да те научат што е исправно, што не е, дека треба да пазиш, да внимаваш, не си сам во сообракајот. Никој не е безгрешен, никој до сега не ги почитувал правилата во целост, има случаи кога и несвесно, но понекогаш и свесно ги прекршуваш, ама пред се, најважно е концентрацијата во сообракајот да ја одржуваш на максимално ниво, и нормално, трезен и пијан шофер не е ист, без разлика дали има 16 и 40 години.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Алоо, и сега има ограничување на моќноста па никој не го ебе законот. Посебна кола ли ќе му купуваат? Ретко кој ... Башка со матиз повеќе ќе погине него со бемвето.

Зарем психофизичките способности на 16 се развиени како на 18?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Точно, колата апсолутно нема никаква веза, пошто и со матиз може да развие во најмала рака 110-120 во град, што сепак е опасна брзина за во градски услови. Ако имаш во тоа главата, ако ти мисли, и со кола од 300 коња ке ги почитуваш правилата и нема да доведуваш во опасност останати учесници во сообракајот

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Ако мене некој ме праша и 18 години е рано за полагање, после 21-21 години мислам дека треба да се полага.

Зошто ?  

Затоа што сите гомнарии што ми се десиле во сообраќај по моја вина беа во периодот 18-20 години. Тогаш возев брзо низ град, тогаш мислев дека секој што стои до мене на семафор и ќе тргне побрзо од мене (а тоа е затоа што има појака кола) сака да се трка па одма и јас стискав.
На автопат во тој период брзина од 130 км/ч беше за лигуши кој од дома им кажале дека не смеат да возат брзо итн итн.
Тогаш многу пати сум возел пијан (мојата дефениција за пијан е макар и малку да се осетам опуштено, 3 пива максимум)
И уште еден куп поголеми или помали глупости, за кој сега кога ќе ми текне, нема сила што би ме натерала да ги повторам.

Дајте бе луѓе па некој со 16 години уште незнае точак да вози по тротоар а не па во кола да го седнеш во сообраќај каков што имаме последниве пар години по Скопје.

Точно, колата апсолутно нема никаква веза, пошто и со матиз може да развие во најмала рака 110-120 во град, што сепак е опасна брзина за во градски услови. Ако имаш во тоа главата, ако ти мисли, и со кола од 300 коња ке ги почитуваш правилата и нема да доведуваш во опасност останати учесници во сообракајот

Главата ти мисли и на 16 и на 18 и на 20 итн...
Само малку поразлично размислува како созреваш ...

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Алоо, и сега има ограничување на моќноста па никој не го ебе законот.

Да, но тоа е пробем со спроведувањето на законите, а не со нивната содржина.

Иначе дај да ги укинеме сите закони пошто и онака никој не ги ебе?

Посебна кола ли ќе му купуваат? Ретко кој ...

Епа сеа... нема матиз нема возење. јбг.

Башка со матиз повеќе ќе погине него со бемвето.

Ако матизот има ербези, ако е дечкото врзан и ако не вози над 60...

Зарем психофизичките способности на 16 се развиени како на 18?

не, но се доволно развиени. Во канада, на пример, се вади дозвола меѓу 14 и 16 години (зависи од провинцијата), па процентот на фатални сообраќајни несреќи е помал отколку многу земји во кои што се полага од 18.

Ако мене некој ме праша и 18 години е рано за полагање, после 21-21 години мислам дека треба да се полага.

Зошто ?  

Затоа што сите гомнарии што ми се десиле во сообраќај по моја вина беа во периодот 18-20 години.

Но, зарем не мислиш дека доколку на 18 години си имал ДВЕ наместо НУЛА години искуство - ќе ти се деселе помалце говнарии?

Како може ПОМАЛКУ искуство да е подобро од ПОВЕЌЕ искуство?

Не знам за вас дечки, ама јас моите деца од мали ќе ги учам како се вози. Ако више ми краде кола на 16, подобро да ЗНАЕ отколку да НЕ ЗНАЕ како се вози. That's all I'm saying.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Канада за пример во споредба со МК? Ајде да разберам Албанија, Бугарија... Бангладеш. Ама Кандада?

Таму најслабиот голф што го имаше дете познаник беше 2500цц.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Алоо, и сега има ограничување на моќноста па никој не го ебе законот.

Да, но тоа е пробем со спроведувањето на законите, а не со нивната содржина.

1.Иначе дај да ги укинеме сите закони пошто и онака никој не ги ебе?

Башка со матиз повеќе ќе погине него со бемвето.

2.Ако матизот има ербези, ако е дечкото врзан и ако не вози над 60...

1. Не, туку џабе ограничувања на коњажа/ време на возење. Нема џандарот да изиграва ангел чувар па цело време да лета по детето. Со ограничувањава на брзина е друго, се смета дека зрели особи возат и свесни се за своите постапки и при поголеми брзини, е сеа некои и не се, па ги прикажуваат на тв.

2. Епа може и над 60 да вози со матизот, а сигурно ќе вози. На другарче роднина се тумбаше со бмв5 е39 со прилично голема брзина. На луѓето не им беше ништо, да беа во матиз, сега ќе им вадеа една година.

Посигурно нешто од ова не постои на светов бел.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Пак ќе кажам: нема варијанта во која помалку искуство е подобро од повеќе искуство.

И што сте се фатиле сеа за матизот.... десет килобајти текст накуцав вие баш за тој матизот се фативте :-(

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Ама има варијанта во која дете од 16 години ќе оди со такси или ќе го замоли татко му да го однесе до саканата дестинација. Над 20кс возило не би требало да смеат до 18 години. И тоа само од 09-15 часот преку работен ден.

Единствена добра варијанта би била, 16 годишен да вози САМО во присуство на родител.
одлична идеја

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Единствена добра варијанта би била, 16 годишен да вози САМО во присуство на родител.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Ама има варијанта во која дете од 16 години ќе оди со такси или ќе го замоли татко му да го однесе до саканата дестинација. Над 20кс возило не би требало да смеат до 18 години. И тоа само од 14-15 часот преку работен ден.

и сеа? да ти најдам примери на пијани деца кои изгинале во спачеци со 20 коња?

не е тоа поентата. Понетата е дека повеќе возачко искуство е секогаш подобро од помалку.

Единствена добра варијанта би била, 16 годишен да вози САМО во присуство на родител.

може!

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7118
Поентата со матизот е дека тоа е кола далеку под ограничените 100 коњски сили со кои возачите почетници можат да управуваат, а сепак можат и со матиз да направат беља.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
И повеќе сексуално искуство е подобро од помалку, па да земеме да ги разработиме од 15години?

Што кола би дал на 16 години човек, и како ќе го овозможиш тоа да не му се даде друга? Кои услови?