Го снимал своето брзо возење и ги спасил бабите од тешкиот земски живот
http://kajgana.com/go-snimal-svoeto-brzo-vozenje-i-ubil-dve-zheni
Дваесет и четригодишен Французин кој го снимал своето брзо возење со автомобил, загинал во сообраќајна несреќа во западна Франција, и притоа убил две жени кои биле во автомобилот со кој се судрил, соопшти полицијата.
Во истрагата за сообраќајната несреќа којашто се случила во местото Сен-Пазан, полицијата во автомобилот на момчето пронашла камера со која тој го снимал брзиномерот во своето возило.
Неколку мига пред да се случи несреќата, тој возел со 200 километри на час, а во моментот на судирот со другото возило се движел со 140 км на час наместо пропишаните максимални 90 километри на час, открила полицијата прегледувајќи ја снимката од камерата.
Во автомобилот во кој буквално се забило возилото на момчето, се наоѓал 75-годишен маж кој е тешко повреден, а неговата 72-годишна сопруга и нејзината 91-годишна мајка загинале на самото место на несреќата.
