Ке направев голема глупост вчера, за прв пат откако возам, ке направев саглам беља, и тоа, возејки несериозно.
Има блага кривина кај мене, непрегледна, но навечер секогаш се гледаат светлата од спротива доколку иде кола. Многу мал сообраќај има, со оглед дека е селце, и уште повеќе фактот дека касно навечер нема никој. Но.
Бидејки немаше светла, зедов да ја дрифтам кривината, а од таму ми наиде Ауди а4 без фарови, шверцерско, и морав да се вадам меѓу Аудито и бандера која беше од мојата десна страна ...
Верувам дека центиметри беа во прашање и во двете насоки, зошто колата ми беше под агол од 45 степени, не успеав да ја исправам, туку се разминав дрифтајки.. Се изненадив од себе што останав прибран, и успеав да ја исконтролирам Астрата доволно да не закачам во колата и бандерата.
Од сега, дрифт, само на прегледен пат.