Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 4215416 пати)

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
бев на козле бензиската да стаам гориво у матизот. се тргнав од пумпа, да си средам новчаник и пари... тип покрај мене, почна у рикверц да иде... и ме акна у врата. му ја земав личната карта на типот, колата е кај маалски авто лимар у козле. типот ќе си ги сноси трошковите.

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
^ Зошто не направивте европски?

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
@KaZaN ваљда не астрата?

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Пишал во матизот.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468


Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
^ Зошто не направивте европски?
видов еднаш мука со европскиот... многу малтретирање, чекање... башка, на лимарија има амортизација, ово-оно.. пак ако не цела сума, дел од сумата за оправки ќе треба да ја платам... вака типот ќе си го сноси цел трошок. колата би требало да ми е готова околу сабота. пеглање, фарбање, полирање... тоа би требало да е тоа
@KaZaN ваљда не астрата?
матизот аце... у принцип ја "штедам" астрата од снеговиве...

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
KaZaN
Кажа се работи за врата, не е убаво да се гледа да се заработи на туѓа несреќа кога можело да помине со европски. А осигурителните компаниии солидно исплаќаат штети. А за денот што си го поминал чекања едно друго си можел да побараш пр.500-1000 дневница.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4029
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
шефе... јас не реков дека се обидувам да заработувам, само сакам колата да ми се напраи како што треба...

прва работа, не е туѓа несреќа... повеќе е ГЛУПОСТ... кога не гледа, несреќа е? јас сум му крив? како можеш да идеш у рикверц, без да провериш дали има некој позади тебе?

друга ствар... имам искуство на таа тема. исплаќаат штета, не дека не... ама ќе ми рачуна амортизација и уште многу други ставки што не ми се мене у прилог. ќе ми ја опраи вратата, со некои 70% од трошоците покриени, другото би требало ја да го сносам...

трета ствар... предлог беше на типот, јас не го терав на ништо. јас одма извадив европски, он го даде овој предлог, јас го прифатив. ништо повеќе.

и последно... тоа што минатиот пат чекав, не беше кривица на сервисот кај што ја носев колата (конкретно у случајов, Са-Тра). беше кривица на самата осигурителна компанија и фактот колку се они заинтересирани и агилни. го чекав типот - записничарот, цела недела да однесе еден ебан извештај и записник у сатра, за сатра да може да ми ја опраи колата. они имаа делови и све живо на лагер, типот од Сава Осигурање дупеше...

и за крај... ти, некој друг, или трет...кој и да е, би гледал да се среди работата ко што треба, за помалце пари. не мора да си солиме памет. и тебе да ти речат, тука ќе ти ја средиме колата за 2000, а на друго место за 5000, а ефектот да е ист... кај би идел?

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7891
Страшно е да ги гледаш возачиве почетници како возат по снегов, страшно!

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
KaZaN
1.
 Мене ми се случи рикверц да се враќам гледав позади ама џабе видливост 15% кал од дождот, лазев со колата на раскрница да ја свртам закачив еден со стар цитроен кој во тој момент поминуваше. Мене гребаница на браникот, кај него штоп скршен, набиено крило малку , браник скршен. Му одбија само 50% на браникот скршен беше. Му кажа за тоа толку пари, за ова толку. Понуда каде сакаш да го носиш или пари. Типот се согласи да му бидат 250е исплатени. Трљаше раце.

Значи можеш да бираш каде сакаш да го правиш за 3 или 5.000ден. Дали во добар ефтин малски сервис или овластен сервис.

2. Може типот има големи финансии и нејќел да се матка со европски па решил во кеш да исплати оправдано.

Само сакам да кажам Луѓе сме грешиме, доколку некој мисли на туѓа грешка да се збогати нека се стави на негова позиција.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
KaZaN
1.
 Мене ми се случи рикверц да се враќам гледав позади ама џабе видливост 15% кал од дождот, лазев со колата на раскрница да ја свртам закачив еден со стар цитроен кој во тој момент поминуваше. Мене гребаница на браникот, кај него штоп скршен, набиено крило малку , браник скршен. Му одбија само 50% на браникот скршен беше. Му кажа за тоа толку пари, за ова толку. Понуда каде сакаш да го носиш или пари. Типот се согласи да му бидат 250е исплатени. Трљаше раце.

Значи можеш да бираш каде сакаш да го правиш за 3 или 5.000ден. Дали во добар ефтин малски сервис или овластен сервис.

2. Може типот има големи финансии и нејќел да се матка со европски па решил во кеш да исплати оправдано.

Само сакам да кажам Луѓе сме грешиме, доколку некој мисли на туѓа грешка да се збогати нека се стави на негова позиција.



а што ако типот догурал до 20% попуст при регистрација? и сега за една ваква банална работа ке мора од следната регистрација да прави ресет и се од ново.. па уште и ако е сопственик на 2-3 возила, уште на првата регистрација за сите 3 возила ке го кошта поскапо регистрирањето одошто поправањето на врата на матиз, а додека догура до 20%? 4 години се у прашање... удрил он рачун, без гајле... затоа му понудил да му ја поправи...

јас сум исто така на врвот со попустите, затоа што немам ниедна регистрирана сообраќајка. а на мое име се 3 возила.. за таква ситница (набиена врата на матиз) обе ручке го носам одма кај некои од моиве мајстори  (во принцип кај боро) да му ја оправи колата.. без записници, без компании осигурителни... и волкот сит и овците на број...

знаете вие колку се 20% попуст на осигурање за ТОВАРНО возило?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3507
  • Хюндай Тюсон
кај мене е 30 проценти попуст при регистрација 22 години без прекршок од таков тип. повеќе од 30 проценти мислам дека нема. 

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7477
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
onak
Крив не крив губиш од попустот?


Колега на ново возило после 1 год. не доби попуст при регистрација, втората регистрација смени друга осигурителна компанија?

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5514
Само кривецот губи од попустот, и мислам дека и да смениш компанија пак ти следува попустот ама ова не сум сигурен